- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеДата на објава: 22 Мај 2012Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамките на активностите предвидени со проектот „Зајакнување на подготвеноста за справување со шумски пожари“ спроведува четири регионални работилници поточно тренинг процес на тренери и тоа на тема:
Целта на работилниците, а и на помошта од проектот е зајакнување на капацитетот на национални управни и оперативни тела одговорни за справување со шумските пожари.
Воедно ќе се промовира отпочнатата Национална кампања за заштита на шумите од пожари која e наменета за сите организации кои имаат интерес за заштита на шумите од пожари и/или вршат неформално образовани на млади лица. Целта на Кампањата е да промовира и воспостави консензус за национална кампања за заштита на шумите од пожари и е наменета за сите институции, организации и администрации кои подготвуваат или се вклучени во спроведување на кампањи за заштита на шумските пожари.
Кампањата е произведена во долготраен, консултативен процес во рамките на проектот. Македонија сега има свое лого за заштита на шумите од пожари – бувчето Бубо. Бубо ќе се појави на сите материјали на кампањата и под мотото „Заштити ја шумата од пожари!“, на пријателски начин ќе укажува на опасностите кои постојат од шумските пожари.
„Заштитата на шумите во Македонија е наша уставна и граѓанска обврска, бидејќи шумите се наше природно богатство, на секој граѓанин на Република Македонија.“ посочува Војо Гоговски, Државен советник за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и национален координатор на проектот.
Кампањата започна 2011 година и се планира да прерасне во континуирана национална активност. „Оваа кампања не случајно ја лансиравме 2011 година, имено Обединетите нации 2011 година ја прогласи за Меѓународна година на шумите.“ вели Гоговски.
Работилниците одржуваат на следните термини:
Додаток за превземање: |