- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Продолжува успешната соработка во областа на земјоделството меѓу Македонија и ИзраелДата на објава: 17 Мај 2012На маргините на посетата на Израел, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска оствари средба со претставници на Центарот за меѓународна соработка на Израел - МАШАВ. На средбата присуствуваа Даниел Кармон, амбасадор и Директор на израелскиот Центар за меѓународна соработка (МАШАВ) и амбасадорот Ефи Бен-Матитијау, директор на Интернационалните проекти за развој. На средбата се разговараше за Проектот за производство на расадник на висококвалитетен и сертифициран семенски и саден материјал чија реализација почна во април годинава со доаѓањето на експертот Гјора Теслер кој ќе престојува во Македонија во период од три години. Министерот Димовски истакна дека оваа поддршка Република Македонија ја смета за изклучително важна бидејќи се овозможува трансфер на современи израелски производствени техники, пренесување на знаење и искуство, понатаму ќе биде овозможена обука на терен за самите земјоделски производители за да произведуваат квалитетен, високо отпорен на очекуваните климатски промени, семенски и саден материјал и истиот да ги исполнува сите потребни стандарди за сертификација. Во тек се сите подготовки за организирање на работа на експертот и спорведување на проектот. Формирана е техничка работна група, назначен е координатор на проектот, обезбедена е канцеларија за експертот. Во моментов се работи на подготвување работен план за тековната година и план за теренски посети. Исто така, проф Теслер треба во соработка со експерти од министерството да изработи акционен план на активнсти врз основа на кој ќе се потпише меморандум за соработка со МАШАВ. Домаќините изразија задоволство дека експертот за семе Гјора Теслер бил добро пречекан од страна на министерството и изразија благодарност до министерот Димовски за целосната поддршка која ја дава на професорот Теслер. За расадникот во Свети Николе министерот ги извести домаќините дека предвидуваме промена на програмата за финансиска поддршка каде ке се поддржи субвенционирање на производството на семенски и саден материјал. Во насока на обезбедување поголема понуда на домашно семенско и посадочно производство Владата на Република Македонија планира да обезбеди финансиска поддршка за инвестиции во расадниот центар во Свети Николе кој во соработка со инвеститори од Израел покрај производство на семенски материјал и расад ќе нуди и техничка помош од истакната израелски експерти за производство на квалитетн сертифициран расад и совети за земјоделците кои ќе ги користат производите од расадничкиот центар. За подигнување на расадничкиот центар обезбедени се 15 хектари земјоделско земјиште, а се разгледува и финансиската конструкција на инвестицијата за да се обезбеди и дополнителна поддршка за инвестиции, особено во расадничкото производство. Со овие активности се обезбедува за земјоделскиот производител сигурност и гарантиран квалитет на крајниот производ како и обезбедување на земјоделско производство по стандарди кои се бараат на пазарите на ЕУ и светот. На средбата се разговараше и за помошта која Израел ја дава за реализација на проектот за промовирање на агро туризмот во регионот на Охрид и Струга. Во тек е спроведувањето на обуки за локални советници во областа на руралниот туризам, а на кои учествуваат и претставници од министерството. Овие обуки ќе продолжат да се спроведуваат и во други региони на Република Македонија. Во рамки на овој проект ќе се испитаат сите можности и потенцијали за развивање на агро туризмот во Македонија, ќе се обучат што е можно поголем број заинтересирани лица главно на локално ниво и ќе се промовираат инвестициски проекти од аспект на развивање на инфраструктурата во селата, автентичноста на одделни региони, макеоднската кујна, ракотворби и слично. Израелските домаќини Кармон и Бен-Матитијау изразија задоволство од воспоставената соработка со Република Македонија која, како што истакнаа на крајот од состанокот, ја сметаат за пријателска земја. |