- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Потсекторските групи за овошје и зеленчук започнуваат со работаДата на објава: 6 Април 2012Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ЦеПроСАРД во изминативе два дена во хотел Сириус, Струмица, организираше работилница за изработка на Годишна програма за работа на Потсекторските групи на овошје и зеленчук. Работилницата се организира како дел од активностите на компонентата Зајакнување на јавно-приватниот дијалог преку поефикасно застапување на вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и преработен зеленчук, во рамки на АгБиЗ Програмата, финансирана од УСАИД. Потсекторските групи се составени од номинирани претставници од здруженијата од областа земјоделското производство, преработката на земјоделски производи и трговијата со земјоделски поризводи. Исто така членуваат и претставници со советодавна улога од високообразовните и научни институции од соодветната област на землоделството, како и претставници од здружение на потрошувачи и АПРЗ на РМ Во рамки на работилницата се дефинираа мисијата и визијата на потсекторските постојани групи за овошје и зеленчук и се определија стратешките цели за наредните години и активностите потребни за реализација на истите. Изработката на Годишната програма е обврска на членовите на Постојаните потсекторски групи согласно Законот за земјоделство и рурален развој. Потсекторските групи се организирана форма на континуиран дијалог преку кој заеднички ќе се дискутираат и решаваат прашањата од интерес на земјоделските потсектори во насока на уредување на пазарите и зголемување на конкуреноста |