Државниот секретар Бесир Јашари на конференција по повод завршувањето на СТИМЕРАЛД-проектот

Дата на објава: 
3 Април 2012
JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со конкретните, интензивни активности за окрупнување на обработливите површини. Од оваа година во целост го презема и СТИМЕРАЛД-проектот што досега се реализираше со поддршка на Холандија, а чија цел беше институционално зајакнување и развој на капацитетите за консолидација на земјиштето.

Државниот секретар Бесир Јашари и холандската амбасадорка во Македонија НЕ Мариет Шурман на денешната конференција по повод завршувањето на СТИМЕРАЛД-проектот уште еднаш констатираа дека една од главните пречки за развој на македонското земјоделство е фрагментираноста на земјиштето. Поради малите фарми од 2,5 до 2,8 хектари поделени на 10-ина парцели производството е, како што рекоа, неконкурентно и непродуктивно.

- Продолжуваме со спроведување на аграрните политики меѓу кои и консолидацијата на земјоделското земјиште што кај нас првпат ги поставија основите за зголемување на конкурентноста на земјоделскиот сектор на домашниот и на странските пазари. Воедно течат и обуките на производителите за тоа што значи окрупнување на земјиштетото и кои се придобивките од овој процес, истакна Јашари.

Околу 40 отсто од приватните земјоделски стопанства во Македонија се помали бизниси и располагаат со обработливи површини помали од два хектара. Тие главно произведуваат за потребите на домаќинството или за сопствени потреби, а на пазарот го продаваат само вишокот производи со цел обезбедувњае дополнителен приход.

Холандија почна со оркупнување на земјоделското земјиште во педесетите години на минатиот век. Има големо искуство со овој процес кое сака да го сподели со Македонија и да помогне во неговото имплементирање тука. На почетокот и ние се соочувавме со слични проблеми - мали непристапни парцели и отежнато наводнување, нагласи Шурман.

Во рамки на СТИМЕРАЛД-проектот минатата година директно на терен беа преземени активности за окрупнувње на земјиштето. Пилот-општина беше Конче каде со консолидацијата беа опфатени околу 20 земјоделци и се потпишаа девет договори за вкупно 3,96 хектари.

Проектот СТИМЕРАЛД што почна да се реализира од јуни 2010 година ги исполни предвидените задачи. Министерството за земјоделство согласно владината Програма ја изготви и Националната стратегија за консолидација на земјоделското земјиште 2012-2020