- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски одржа работен состанок со претставници на Синдикатот на работниците од управатаДата на објава: 28 Март 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денеска одржа прва средба со претседателот и претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија.
На состанокот се зборуваше околу потпишувањето на колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, со кој што ќе се допрецизираат правата на државните службеници.
Министерот Димовски изрази подготвеност за потпишување на ваков договор со кој како што рече и самиот вработените ќе си ги остваруваат своите права а тој секогаш е на страната на вработените.
Од Синдикатот го покренаа и прашањето за статусот на Шумската полиција и регулирањето на надоместокот за плата со нивниот секојдневен ризик на работното место, на што Министерот Димовски ги извести дека се работи на новиот закон за шумска полиција во кој точно се утврдени сите права на вработените во Шумска полиција.
На крајот на состанокот Министерот и претседателот на синдикатот изразија увереност дека и понатаму ќе продолжи соработката и подршката која Министерот ја дава на Синдикатот. |