Објавени конкурси за организирање на рекреативен риболов на реките,езерата и акумулациите

Дата на објава: 
22 Март 2012

Согласно Одлуката за распишување на јавен конкурс за давање на концесија за организирање на рекреативен риболов на рибите од риболовните ревири и рекреативните зони број 51-7989/1 од 27 декември 2011 година објавена во Службен весник на Република Македонија број 23 од 15 февруари, Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска објави јавен конкурс за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов.Предмет на овој оглас се рибите од риболовните ревири на сливовите на реките Вардар, Треска, Пчиња, Црна река, Брегалница, Струмица, Црн Дрим и сливот на Преспанското езеро, како и рекреативните зони на Охридското,Преспанското и Дојранското езеро и повеќе вештачки езера –акумулации на кои согласно риболовните основи е предвидено организирање на рекреативен риболов.

Концесијатаза организирање рекреативен риболов се дава за период од шест години .

 

Рокот за доставување на понудите изнесува 52 дена од денот на објавување,вклучително и денот на објавување.

Во рок од седум дена од денот на објавувањето на јавниот конкурс, комисијата задолжена за спроведување на постапката ќе изработи тендерска документација која заинтересираните понудувачи  ќе можат да ја подигнат од архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде и ќе можат да го доставуваат понудите.

Додаток за превземање: