- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Ден на дрвотоДата на објава: 11 Ноември 2009Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, неговиот хрватски колега Петар Чобанковиќ и Соња Буковец, државен секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, во паркот на Скопски саем, симболично засадија дрва. На ваков нашин за прв пат заедно, тие се приклучија на големата акција за пошумување на Република Македонија ,, Ден на дрвото-засадија својата иднина,, која по трети пат ќе се одржи кај нас во петок на 13 ноември.
Хрватскиот министер за земјоделство Чобанковиќ ја поздрави акцијата за пошумување и изрази уверување дека таа ќе се прошири и во Република Хрватска, особено по големите летни пожари во оваа земја кога изгореа големи површини под шума.
И словенечкиот државен секретар Буковец ја поздравија акцијата ,,Ден на дрвото,, која ја реализира нашава држава и посака оваа благородна акција која ја започна Република Македонија, многу скоро ќе прерасне во регионална иницијатива за облагородување на животната средина. |