Предлог заклучоци од состанокот на раководителите на управувачките тела за ИПАРД од регионот

Дата на објава: 
2 Март 2012

Продолжување на предпристапната помош на Европската унија и во следниот програмски период со цел соодветнаподготовка на административните капацитети на институциите и на другите учесници во земјоделскиот сектор и во руралниот развој.Помошта наменета за развој на земјоделството и руралните средини– ИПАРД Програмата, би требало да биде достапна за сите земји во регионот кои се стремат за интеграција во Европската унија, без оглед на тоа каков е нивниот претпристапен статус и степен на подготвеност. Ова се дел од дискусиите од вториот состанок на раководителите на телата за  управување со ИПАРДод земјите од Југоисточна Европа, донесени на дводневниот состанок кој неделава сеодржа во Скопје, поддржан од Постојаната работна група за регионален рурален развој.

 

Во оваа регионална организација членуваат министерствата за земјоделство од регионот. Во рамките на организацијата формирани се технички групи од различни области. Постои работна група за шумарство, потоа за води, за вино, како и работната група која ја сочинуваат раководителите на управувачките тела и посебна работна група на директорите на платежните агенции. На состаноците на техничките работни групи присуствува и претставник на Европската комисија.

 

Меѓу другото, во однос на дискусииите за постапките за акредитација науправувачкото тело, беше констатирано дека тие треба значително да се олеснат. За Босна и Херцеговина, се согласија учесниците, треба да се земат во предвид разликите кај административниот, институционалниот и организацискиот концепт на земјата.

 

За да се обезбеди подобро и навремено имплементирање на ИПАРД програматакако и целосно искористување на одобрените средства, пренесувањето на правото за управување со средствата на земјите-кориснички треба да им овозможи да ги искористатсредствата кои се предвидени и тоа  во согласност со нивните национални приоритети и потребите на секторите.

Понатамошната дискусија се однесуваше на соработката меѓу раководителите на управувачките тела и директорите на платежните агенции. Раководителите на телата за  управување со ИПАРД од земјите од Југоисточна Европа на состанокот  се согласија дека потребно е да постои платформа за соработка помеѓу управувачките тела  и Платежната агенција која треба ги содржи и мислењата на управувачките тела за критериумите за користење на средствата во Програмата.

 

Како една од најзначајните теми за дискусија на состанокот беше улогата на мерката за техничка помош, беше истакнато е дека треба да ги поддржиактивностите на управувачките тела со цел успешна имплементација на Програмата. Затоа, за оваа мерка согласни беа учесниците, потребно е да се даде можност таа да се акредитира пред почетокот на спроведувањето на Програмата. Финансирањето на техничките активности поврзани со ИПАРД во рамки на ИПА Компонента 1, истакнато беше дека е преодно решение коеможе да се искористи додека трае акредитацијатана мерката за техничка помош.

 

Учесниците на состанокот изразија загриженост во врска со многу долгата и комплицирана акредитација и процесот на одобрување на користење на мерката, со што укажуваат на потребата за подготовка на јасни општи насоки.

 

Воведување на нови мерки кои се во согласност со ситуацијата во земјите, беше еден од предлозите.Претставниците на управувачките тела се согласија  дека во  ИПАРД II треба да се предложат  следниве мерки: поддршка за преструктуирање на самооодржливите фарми, подобрување на социјалните и техничките услуги во руралните подрачја (комуникациска технологија, младинските клубови, домови за стари лица, итн). Понатаму, како нови мерки да се вградат и инвестиции во инфраструктурата и тоа за подобрување на употребата на земјоделското и шумското земјиште како што се поддршка во окрупнување на земјиштето, земјоделски патишта, инфраструктура за наводнување односно одводнување, инвестиции во производство и користење на обновливи извори на енергија и обновливите ресурси,поддршка на шумарството  во прв ред на превенција на шумите и заштита нашумите, пошумување на земјиште, репродукциски центри за шумски саден материјал и други.

 

Афирмирано беше и прашањето за пристапот до рурални кредити, таканаречен финансиски инженеринг, поставување односно подобрување на советодавните услуги за обезбедување на поддршка за ИПАРД корисниците и промовирање на употребата на советодавни услуги.Во подготвителните активности во раната фаза на акредитација и имплементација на други достапни мерки (агроеколошки мерки, групи на производители, стручна обука, руралната инфраструктура), како што беше истакнато, треба да се обрне внимание на фактот дека предусловите за имплементација на овие мерки бара подготвеност и градење на соодветни капацитети на ИПАРД институции, корисници и национален систем во врска со имплементацијата како што се правни и институционални.

 

Некои од предлозите на присутните се однесуваа на воведување на поедноставен бизнис план за мали инвестиции до 50.000 евра, понатаму, инвестициите кои негенерираат приход во однос на усогласувањетосо стандардите за животната средина треба да се сметаат како трошоци, а кои влијаат негативно на интерната стапка на рентабилност. Исто така за инвестиции кои не генерираат приход како што укажааучесниците, треба да се ко-финансираат со повисока стапка до 80%. Даноците, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност да се сметаат за профатливтрошок, ако не се предмет на повраток и ако се утврди дека се на товар на крајниот корисник кога се работи за физички лица.

 

Учесниците на состанокот заклучија дека и земјите-кориснички треба да имаат можност да предложат зголемување на учеството на националното ко-финансирање, ако сметаат дека тоа е неопходно.

 

Република Македонија, како годинашен претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG),  како што беше констатирано на дводневниот состанокот, ги сумира предлозите од државите во Југоисточна Европа за поефикасно и поголемо искористување на претпристапните фондови на Унијата, по што, во форма на заклучоци по пдржување на состанокот ма директорите на плтежните агенции на 14 март 2012, ќе бидат доставени на разгледување во Брисел.