Известување

Дата на објава: 
22 Февруари 2012

По повод реакциите за неисплатени субвенции во регионот на селата Брест и Танушевци, ја известуваме јавноста за следното:

Финансиската поддршка во земјоделството - субвенциите се одобруваат и исплаќаат врз основа на услови и критериуми утврдени во програмите, а во согласност со закон.

По поднесените барања за субвенции во 2010 година утврдено е забележително зголемување на пријавениот број на говеда, овци, кози и пчелни семејства во реонот на подрачната единица на МЗШВ Чаир, а пред се од страна на барателите на финансиска поддршка од селата Брест и Танушевци. Поточно, за овие две села се пријавија неверојатни 13.000 грла говеда, 21.000 грла овци, 560 грла кози како и 21.000 пчелни семејства. Воедно, во делот на говедарството беа пријавени раси на говеда за кои нема услови за одгледување на надморската височина и климатски услови присутни во овој реон.

Со цел утврдување на фактичката состојба на самото место, се спроведоа сеопфатни контроли при што се констатираа отстапувања помеѓу пријавениот број на животни и фактичката состојба.

Врз основа на спроведените контроли, кон барателите кои ги исполнија условите за користење на средства, се изврши исплатата на субвенциите. Сите барателите кај кои беа утврдени неправилности исто така уредно беа известени за причините за неисплаќање на субвенциите.