- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Презентирани македонските потенцијали во производството на храна и пијалоци во руската Трговско-индустриска комораДата на објава: 16 Февруари 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Русија се сретна со заменик претседателот на Трговско-индустриската комора на Руската Федерација, Георги Георгевич Петров. На средбата која беше организирана во соработка со македонско - руската комора присуствуваше и директорот на комората, Дејан Бешлиев. Министерот Димовски ги презентираше македонските потенцијали во производството на храна и пијалоци со акцент на производството и пласманот на вино и вино-материјал.На состанокот се потврди зголемувањето на размената Русија-Македонија за 80 проценти во однос на 2010. Заменик претседателот на Трговско-индустриската комора Георги Георгевич Петров со оптимизам гледа на идната соработка и стои на располагање за каква било идна соработка во сите области, мегу кои и земјоделството. Тој побара да им доставиме подетални информации за условите за инвестирање во земјоделството, затоа што информациите што ги даде министерот Димовски го привлекоа нивниот интерес. Исто така Трговско-индустриската комора ке ја подржи посетата на вицепремиерот Ставрески во април. Македонско руската комора има веке воспоставено добра соработка со Трговско-индустриската комора на Руската Федерација. |