- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски и Заменик министерот Коњановски се сретнаа со синдикатот на АК“Џумајлија“Дата на објава: 17 Декември 2011
На средбата која се одржа во Лозово се разговараше за моменталната состојба во која што се наоѓаат вработените во АК“Џумајлија“ и кои мерки треба да се превземат. Барањата на синдикатот на АК“Џумајлија“ се ако може Владата и Министерството за земјоделство да им излезат во пресрет за да можат да продолжат со работа. Министерот им порача дека мора да се најде сериозен партнер кој ќе ја работи целата земја, но и кој ќе ја превземе грижата за вработените. Ќе се направат огромни напори комбинатот да остане во целост и да не се дели. Исто така Министерот Димовски рече дека закупнината за земјиштето кое го има земено комбинатот под закуп не е платена за 2010 и 2011 година што според Законот за земјоделско земјиште треба да се раскине договорот, што дополнително ја отежнува веќе тешката состојба на вработените. Долговите на фирмата се огромни како спрема банките и државата така и спрема вработените кои истакнаа дека немаат земено плата веќе седум месеци. На крајот од средбата Министерот побара од синдикатот да нема узурпација на земјиштето кое во никој случај нема да се дели и тие 4900 ха мора да останат во еден блок. Тој истакна дека ќе се вклучат сите релевантни институции и ќе се направат уште средби со цел што побргу да се реши проблемот со Џумајлија и земјоделците што побргу да можат повторно да го обработуваат земјиштето. |