Отворени денови на Министерството за земјоделство во Ресен и Демир Хисар

Дата на објава: 
3 Декември 2011
otvoreni denovi 005.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со одржување на отворените денови низ Македонија. На денешната средба во Подрачната единица  во Ресен учествуваа министерот Љупчо Димовски, заменикот Зоран Коњановски, инспекторатот и раководителите од министерствотово.

 

Оваа Влада вложува многу во развојот на земјоделството и во своите програмски активности важно место зазема  овоштарството. Особено внимание се посветува на регионот на Преспа каде што се произведуваат околу 90 насто од вкупниот род на јаболкото. Ова денеска го истакна заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на  отворените денови на министерството.

 

Министерството за земјоделство, посочи Коњановски, на овој начин директно и непосредно се запознава со проблемите што ги имаат земјоделците и наоѓа  заедничко решение. Таков е примерот со изборот на концесионер за Преспанското езеро за што се очекува дека во најскоро време ќе се најде решение.

 

На денешната средба имаше голем интерес од страна на земјоделците кои го искажаа задоволство од ваквите средби и од кои се надеваат дека ќе има и конкретни резултати.

 

Отворените денови вечерва продолжуваат со тибина во Демир Хисар.