Прва средба на министрите за земјоделство на Македонија и на Литванија

Дата на објава: 
2 Декември 2011
Makedonija-Litvanija 007.jpg

Оваа прва посета на литвански министер за земјоделство Казис Саркевичиус во Македонија е многу добра можност да се започне со сериозна соработка. Се водеше конструктивен разговор пред се во делот на воспоставувањето непосредни, директни контакти меѓу министерствата. Договорена е и соработка во контролата на прехранбените производи, меѓу надлежните институции, агенциите за храна и ветеринарство, како и меѓу агенциите за финансиска поддршка.

 

Димовски и Саркевичиус на билатералната средба во Министерството за земјоделство разговараа и за интензивирање на размената со оглед дека Литванија е особено заинтересирана за увоз на македонско вино и зеленчук.

 

Македонија воедно ќе има можност да ги користи литванските искуства во приближувањето кон ЕУ и исполнувањето на потребните критериуми, но и практиката на формирањето земјоделски кооперативи и задруги.

 

-Околу 20 проценти од нашиот вкупен извоз отпаѓаат на земјоделството. Сепак, како земја лоцирана северно, имаме потреба од градинарски производи, а бидејќи македонското производство е одлично, би сакале да увезуваме повеќе. Очекувам количините догодина да се зголемат – рече Министерот  Саркевичиус.

 

Министерот Димовски го запозна со состојбите во македонскот земјоделство и го информира за спроведените реформи кои, како што истакна, трета година по ред добиваат највисока оценка од Европската комисија. Виното, градинарските производи, тутунот и овошјето Димовски ги посочи како стратешки кои освен на домашниот, успешно се пласираат и на странските пазари меѓу кои и на литванскиот. Извозот на земјоделски производи од Македонија во 2006 година беше 242 милиони евра, а лани достигна 424 милиони. Годинава, пак, сумата ќе надмине 500 милиони евра.

 

Се зборуваше за сите сектори при што заедничка е констатацијата дека нема никави пречки за интезнивирање на соработката.

Двајцата министри договорија и соработка меѓу универизтетите, како и воспоставување студенстка размена, настапи на македонски компании на Саемот за земјоделство во Литванија во мај и други дополнителни асктивности за продлабочување на односите. Министерот Димовски повика заинтересирани литвански фирми од агросекторот да ја посетат земјава за да се уверат во нејзините инвестициски можности.