- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски свечено го отвори 61 издание на Агрофуд 2011Дата на објава: 15 Октомври 2011Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, вчера вечер ја отвори традиционалната саемска манифестација посветена на земјоделско-прехранбениот сектор - Агрофуд 2011.,,Традиционално и оваа година на едно место, во интерес на унапредување на секторот, преку размена на искуства и непосредни контакти се среќаваат директните учесници во синџирот на производство на храна-производителите, преработувачите, трговците и потрошувачите. Република Македонија е земја која ги следи светските текови во производството на храна и оттаму, во изминативе неколку години сериозно се зафативме со стабилизирање на секторот кој го храни населението.Преку драстично зголемување на субвенциите, од симболични 5 милиони евра во 2006 год. и годинешните 115 милиони евра, додадовме нов импулс во примарното производство и во преработувачкиот сектор – истакна во своето обраќање министерот Димовски.
Усогласената регулатива со европската беше и е уште поголема основа за подигање на стандардите во производството, за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство на домашниот и на странски пазари. Споед него, со заеднички сили, со силна поддршка од државата, земјоделците, преработувачите и трговците, во годините што следат, треба природниот потенцијал за земјоделско производство со кој располага нашата држава, оптимално да се искористи и да се стави во функција на производство на повеќе храна.
-И оваа година, од оваа реномирана саемска манифестација на светот ќе му испратиме јасна порака дека местото на македонското земјоделство е до современите економии, не случајно, бидејќи во неколкуте изминати години покажавме дека со искрена заложба и со сериозна финасиска поддршка да се поправи ова што со децении било заборавено.Затоа што еден високопродуктивен сектор може и треба да биде водечки и во нашата држава, зошто има можности за развој, а и предизвиците во светски рамки за него од ден на ден стануваат се поголеми – потенцира министерот Димовски. Го реализираме зацртаното за развој на земјоделството, рече министерот истакнувајќи дека националните програми за финасиска поддршка на земјоделството и предпристапните фондови на Европската унија се реалност и основа за модернизација на производството кое од година во година бележи се поголем раст и развој и се приближува до европското.
Во рамки на Агрофуд 2011, годинава, за прв пат се одржува ,,Вински фестивал,, кој според министерот Димовски е уште една можност за промоција на Македонија како сериозен производител на врвни и високо кавалитетни вина.,,Само од комбинација на знаењето , пренесувано со генерации искуство, модерната технологија и со многу чувство и љубов, може да се создаде најдоброто и највкусно вино.Мудроста и искуството на нашите предци пренесувани од памтивек до денес се споени во совршена хармонија со совршена технологија и знаење,, - додаде тој.
Винарскиот сектор, во услови на сериозни пореметувања на глобалниот пазар, изминативе години ја доживува својата експанзија. Се повеќе се шири и се развива.Не само преку бројот на винарски визби, сериозните инвестиции и примената на современиот начин на производство, туку пред се преку заокружувањето на производно-технолошкиот процес на виното во повекето македонски винарски визби.
-Сите досегашни вложувања во винарскиот сектор представуваат потврда на заложбите на владата за развој на оваа перспективна стопанска гранка, а тие, веке ги даваат позитивните резултати.П реку зголеменото производство на вино, трасирањето на мекедонските вински патишта,како и преку зголемување на домашните и странските гости кои уживаат во македонското вино – истакна министерот Димовски.
Тој изрази уверување дека постоечките винарници и реализацијата на владините политики во овој сектор, покрај веќе обезбедената финансиска поддршка, ќе придонесат за уште поголем развоја на лозарските региони и на винскиот туризам во целина. |