Македонското Министерство за земјоделство ќе претседава со Собранието на СВГ во 2012 година

Дата на објава: 
11 Ноември 2011
100_5741.JPG

Дефинирање на идните насоки на реформите во земјоделството и руралниот развој во Југоисточна Европа, продолжување на реформските процеси за зачленување во Европската унија и интензивирање на започнатата регионална соработка на полето на земјоделството и руралниот развој. Ова се дел од заклучоците кои денеска ги донесоа учесниците на Петтиот годишен состанок на министрите за земјоделство  од Југоисточна Европа, кој се одржа во винарската визба ,,Стоби,, во Градско. Учесниците на годинашниот состанок се договорија и за интензивирање на размената на искуства и обезбедувањето помош во процесот на приближување кон Европската унија во земјоделството и руралниот развој и тоа на земјите кандидати и на потенцијалните кандидатки на членство во Унијата. Учесниците се согласија дека во интерес на регионот е да се интензивира соработката на земјите од Југоисточна Европа во насока на спроведување на неопходните реформи во земјоделско-прехранбениот сектор и руралниот развој и тоа во согласност со Заедничката земјоделска политика на Европската унија, чии насоки во наредните 5 години ќе се променат на предлог на земјите членки.Поддржан беше и напредокот во зајакнувањето на регионалната соработка преку ефективна употреба на постоечките иницијативи и инструменти на Постојаната работна група за регионален рурален развој - SWG, засновани на соработка, транспарентност и комплементарност, користејќи го пристапот на сеопфатен развој на прекуграничните подрачја во Југоисточна Европа.

Во рамки на Петтиот годишен состанок на SWG, Република Македонија, односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја презема должноста на претседавач со Собранието на SWG од Министерството за земјоделство, рибарство и рурален развој на Република Хрватска. ,,И во наредната 2012 година ќе работиме на унапредување на регионалната соработка и на зајакнување на улогата на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа,, – рече министерот Димовски истакнувајќи дека за Владата на Република Македонија  и за Министерството за земјоделство, регионалната соработка секогаш била приоритет.

На состанокот беше поздравена определба за поддршка на зајакната и продуктивна соработка на сите полиња во земјоделството и руралниот развој, вклучувајќи ја и соработката помеѓу универзитетите, академските институции и факултетите за земјоделски науки од Југоисточна Европа, со цел да се зајакне капацитетот за објективна анализа на предизвиците во земјоделството и руралниот развој и спроведување на земјоделските политики.

-Искрено се надевам дека преку размена на информации и искуства ќе дадеме придонес во остварувањето на стратешките цели на нашите држави во однос на развивање на модерен, одржлив и конкурентен земјоделски сектор, во подобрување на стандардите и условите за живеење во руралните средини на начин кој ги заштитува националните природни специфики на земјоделското производство и на природните богатства и ресурси –потенцира министерот Димовски.

Лорета Дормал-Марино, заменик директор на Директоратот за земјоделство на Европската Комисија  ги презентираше промените кои според планираното треба да се направат  во Заедничката земјоделска политика на Европската унија за периодот 2014-2020 година.

- Реформите  на заедницката земјиделска политика на Европската унија почнаа уште во 2010 година, особено политиката за рурлен развој, односно иднината на ИПАРД. Сега се водат предовори  во Европската комиија за  новата Зедничка политика на ЕУ за периодот 2014-2020 година. Она  на што сега се фокусира Унијата се променливите цени на пазарот со земјоделски производи и затоа напорите на земјите членки сега се свртени кон тоа како да им се помогне на земјоделсите кои како последица на промените на пазарот во одредни периоди трпат големи загуби.  ЕУ посветува особено внимание и на безбедноста на храната, на руралниот развој и на одржливото земјоделско производство. Водиме сметка и за насоките на Светската организација за земјоделство и храна ФАО која даде насоки за зголемување на производството на храна и тоа за 70 проценти во наредните години – истакна во презентацијата госпоѓа Дормал Марино.

Реализирањето на ваквата агенда на Унијата, како што рече таа бара воспоставување на систем за  одржливо управување со природните ресурси, што ќе биде и основ за зголемување на производството, но и за подобрување на конкутерноста на поизводителите.  За реализирањена овие цели ЕУ има конкретни инструмени. Важно е дека тие треба да се координираат и да се усогласуваат за да може  заедничката земјоделска политика да функционира.

-За периодот 2014-2020 година ЕУ креира нви шеми за функционирање на заедничката политика за земјоделство на Унијата. Врз основа на новите критериуми  особено внимание ќе се посветува на екологијата  на заштитата на животната средина и одржливото производтво. Во таа насока, креираме основен модел на директна поддршка –основно плаќање на приходите на земјоделците, и дополнителна поддршка која се однесува на почитување на таканречените зелени принципи, на заштитата на човековата околина  и на одржливото земјоделско производство- додаде таа.

За руралните области и новата политика за земјоделство на ЕУ, како што потенцира високиот претставник на Европската Комисија, предвидени се и дополнителни плаќања поради отежнатите  услови за производство. ,,Во поглед на политиките за рурален развој,  новина е тоа што  се предвидува олеснување на критериумите за користерње на  мерките за рурален разој, па така од постоечките 40, во новата Заедничка земјоделска политика на ЕУ, креиравме само 20 мерки, се со цел нив да ги искористат поголем број на земјоделцици - истакна Дормал Марино.

Во новата погарама на Унијата, како што рече, ќе се стави акцент на  преносот на информации и знаење  до земјоделците за што голема улога ќе имаат советодавните служби. ЕУ силно ќе го поддржи  фомирањето на групи на производители со цел да се зајакне  преговарачката моќ на  земјодеците. Новина во редизајнираната ,,Заедничка земјоделска политика  на ЕУ за руралниот развој е тоа што ИПАРД ќе стане  достапен и за потенцијалните земји кандидати за членство во ЕУ, не само за оние кои имаат кандидатски статус.

Претставниците на министерствата за земјоделство од регионот истакнаа дека важноста за подобрување на конкурентноста во овој регион е голема и дека целите што ги имаат земјите од ЈИЕ може да се исполнат единствено ако сите работат заедно.

За Драги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје овој состанок е доста значаен бидејќи од највисоко ниво на ЕУ се презентира новата политика 2014-2020 година, политика која ќе се применува во ЕУ и која треба да ги даде и насоките и на македонскиот аграр во наредниот период.