- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски на отворањето на салата за дегустација на вино во винарската визба ,,Стоби,,Дата на објава: 15 Октомври 2011Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска присуствуваше на свеченоста по повод отворањето на салата за дегустација на вино во винарската визба ,,Стоби,, во Градско. ,,Ваквите инвестиции во винарскиот сектор се уште една потврда дека заложбите на Владата н Република Македонија за поддршка на оваа моќна и перспективна стопанска гранка веќе ги даваат позитивните резултати. Не само преку зголеменото производство на вино, осовременувањето на винарските визби , трасирањето на македонските вински патишта , туку и преку зголемувањето на бројот на на домашни, но пред се на странски туристи, кои ќе уживаат македонската боговска капка и ќе ја раскажуваат древната приказна за нашето вино,, - рече во обраќањето министерот Димовски пред присутните на свеченоста. Тој изрази уверување дека ќе продолжи соработката на лозарите и винарите во интерес на развој на лозаро винарскиот сектор кој во вкупниот извоз на земјоделско-прехранбени производи учествува со 10 проценти, а кој според оценките на Владата на Република Македонија има капацитет за натамошен развој. - Убеден сум дека постоечките винарници и реализацијата на новиот проект на Владата за изградба на повеќе од 50 нови винарски визби, покрај обезбедените субвенции ќе придонесе за уште поголем развој на лозарските региони и на винскиот туризам во државава. – истакна министерот Димовски. |