- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Заменик министерот Коњановски ја отвори манифестацијата „Денови на македонскиот мед“Дата на објава: 29 Септември 2011На улицата „Македонија“ во Скопје денеска официјално беше отворена шестата по ред манифестација „Денови на македонскиот мед“ што ја организира општина Центар во соработка со пчеларската задруга „Матица“ и Федерацијата на фармери на Македонија како и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаносвки на официјалното отворање на манифестацијата најави дека ќе продожат владините политики за поддршка на пчеларството.
- Во последните неколку години покажавме посебна грижа за пчеларите со издвојување на значителен износ на субвенции кој изнесува по 500 денари по пчеларско семејство. Задоволни сме што бројот на органски пчелни семејства сега изнесува 14 илјади за разлика од 2005 година кога имаше 110 органски пчелни семејства. Треба сите во државата да научат од односот на пчеларите кон пчелата и обратно, односно за нивната трудољубивост, сплотеност, енергичност и за нивната работливост за да имаме просперитет во секоја област, истакна Коњановски.
Тој најави поддршка преку ИПАРД програмата и за оние пчелари кои сакаат да им дадат дополнителна вредност на своите производи и да направат мини погони за обработика на медот.
- Квалитетот на македонскиот мед е еден од подобрите во регионот и затоа пчеларите и понатаму ќе ја заслужуваат поддршката од Владата за уште повеќе да го продобруваат квалитетот на медот и пчелните производи, рече заменик-министерот за земјоделство.
Пчеларите се задоволни од досегашните субвенции на Владата кои, според нив, придонеле да се зголеми бројот на пчелари и на пчелни семејства. - Задоволни сме со субвенциите. Она што значи помош за пчеларите е фантастично добро, а од друга страна со оваа мерка на Владата се зголеми бројот на пчеларите и пчелните семејства, изјави Павле Бошковски, претседател на здружението „Матица“ и на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија.
На годинашното издание на „Денови на македонскиот мед“, кое ќе трае до сабота, учествуваат 32 излагачи кои своите производи ќе ги презентираат пред љубителите на медот. |