- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Првите луѓе на Министерството за земоделство се сретнаа со Самостојниот синдикат на индивидуални производители на МакедонијаДата на објава: 27 Септември 2011Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменик министерот Зоран Коњановски денеска, вторник 27.09.2011 година во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одржаа работен состанок со претставници на Самостојниот синдикат на индивидуални производители на Македонија. На состанокот претставниците од синдикатот ги изнесоа своите барања, но, во најголемиот дел се дискутираше за состојбата со откупот на оризот. Производителите на ориз го информираа министерот Димовски дека оваа производствена сезона производствените трошоци се зголемени за 40 проценти и дека во кочанско откуп на арпа вршат само 5-6 компании кои ја диктираат откупната цена на пазарот, а таа годинава пониска од ланската. Оваа година, како што истакнаа тие, преработувачите ја зголемиле и цената за преработка на килограм арпа од 2 на 3 денари. Тие изразија чудење како е можно во Македонија цената на оризот да паѓа, кога на севстко ниво оваа година таа е зголемена во просек за 20- 30 проценти. -Преработувачите се свесни дека земјоделците немаат услови за чување на оризот, па затоа ја намалуваат откупната цена. Под итно бараме одржување на состанок меѓу земјоделците, откупувачите, преработувачите и претставници од Министерството за земјоделство за да се најде решение за моменталните ниски откупни цени – истакнаа пртставниците на Синдикатот. Министерот Димовски ги информира оризопроизводителите дека на следната владина седница ќе предложи мерки за заштита на пазарот со ориз и тоа со условување на увозот со откуп на домашен ориз. Тој им посочи на земјоделците дека во иднина мора да се обрне поголемо внимание во поглед на исполнување на стандардите во оризопроизводството кои ги бара Европската Унија. Министреството за земјоделство ќе им сугерира на откупувачите да се почитуваат законите, зошто икспекциските контроли ќе бидат зајакнати. Министерот Димовски уште еднаш апелираше до земјоделците да се здружат во земјоделски задруги бидејќи така ќе ги намалат производствените трошоци и ќе можат организирано да настапат пред откупувачите и трговците.
|