- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Повик за добивање овластување за испитување на ѓубрињаДата на објава: 7 Септември 2011Се повикуваат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат правните лица овластени за испитување на ѓубрињата ( “ Службен весник на Република Македонија ” бр. 129/10 ), врз основа на член 34 од Законот за ѓубриња ( “ Службен весник на Република Македонија ” бр. 110/07, 20/09 и 17/11 ), да се пријават заради добивање овластување за испитување на ѓубрињата. Кон барањето за овластување заинтересираните правни лица треба да ги достават следните документи : - тековна состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија на правното лице; - диплома за завршено образование на вработените лица; - потврда за работно искуство издадена од институцијата каде истото е стекнато; - М1 / М2 обрасци за вработените лица; - план за испитување според начелата на добра лабораториска пракса; - изјава за поседување на соодветна опрема потребна за испитување; - имотен лист или договор за закуп на деловен простор, заверен кај нотар. Без вакво овластување,правните лица не ќе можат да издаваат важечки документ за испитување на ѓубрињата. Барањата за овластување се поднесуваат до Фитосанитарната управа секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот, во рок од 7 ( седум ) дена од денот на објавување на соопштението. Фитосанитарна управа Ул. 3 Македонска ударна бригада бб, 1000 Скопје Лице за контакт : М-р Нако Николовски Тел/ факс 02/3112-210 ; 02/3112-247 email; nako.nikolovski@mzsv.gov.mk Тел: 070-409-891 |