- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Ќе се интензвира македонско-израелската соработка и во науката за земјоделствотоДата на објава: 5 Септември 2011Зајакнување на капацитетите на Факултетот за земјоделски науки и храна во областа на градинарството, хортикултурата, производството на семе и саден материјал, во заштитата на растенијата, сточарското производство но, пред се во наводнувањето се секторите во кои треба да се интензивира соработката во делот на науката. Ова беше истакнато на денешната средба на израелската делегација преводена од Орид Нокт, министерката за земјоделство и рурален развој на Израел со претставниците на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и членовите на Македонско-израелскиот бизнис клуб. Како што потенцира Драги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна, наставната програма на оваа научна институција е прилагодена на потребите на стопанството, а со помош на државата се обезбедуваат најсовремените услови за образование на потребниот кадар во агросекторот. -Факултетот за земјоделски науки и храна соработува со примарното производство и со компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор. Интенција ни е во иднина да ја подобриме и да ја осовремениме наставната програма, лабораториите и да обезбедиме поквалитетна практична работа за студентите, со цел подобрување на квалитетот и конкурентноста на македонското земјоделско производство. Свесни сме дека Република Македонија има солиден потенцијал за развој на аграрот и затоа сите активности сега се насочени кон негова поддршка – истакна деканот Димитриевски. Според министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, оваа посета на израелската делегација е основа за продлабочување и интензивирање на соработката и во делот на науката, особено во секторите каде Република Македонија има потенцијал да ги искористи израелските искуства во делот на производството на храна и да го унапреди земјоделството. Професорите од Факултетот за земјоделски науки и храна констатираа дека досегашната соработка со израелските колеги во областа на науката за земјоделското производство е на високо ниво, но, ја истакнаа потребата таа да се интензивира во делот на организирање на израелска експертска обука за одделни земјоделски сектори, во прв ред наводнувањето, маркетингот на земјоделско-прехранбените производи и постбербените активности во секторот овошје и зеленчук. |