- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Зголемена опасност за појава на шумски пожариДата на објава: 23 Август 2011Поради топлотниот бран што ја зафати нашава земја се зголемува опасноста од појава на шумски пожари. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи во наредните неколку денови се очекуваат високи температури, јужен ветер, ниска релативна воздушна влажност, без услови за дожд што е погодно за појава и за ширење на пожари.
Оперативното координативно тело за заштита на шумите од пожари со кое раководи министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на синоќешниот состанок донесе неколку заклучоци со кои ќе се подигне степенот на мобилност на екипите за заштита од пожари во речиси сите регион во земјава.Истовремено координативното тело апелира до земјоделците да не ги палат стрништата бидејќи тоа е забрането со закон. Казната за палење на стрништа, плевели и други растителни отпадоци се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казната, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.
Се уште е на сила и делумна забрана за движење во шумите.Казната за физичките лица кои ќе се затекнат како се движат во шума за време на забраната без посебно одобрение од корисникот или сопственикот на шумата се движи од 2 до 3 илјади евра. За правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари казната изнесува од 15 до 20 илјади евра.
Секоја појава на пожар или опасност од пожар, граѓаните можат да ја пријават на бесплатните телефони за итни повици 195 на Центарот за управување со кризи и на бројот 193.
Координативно тело за заштита на шумите од пожари |