- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски на состанок со винарските визби во НеготиноДата на објава: 8 Август 2011На заедничката средба меѓу винарските визби и на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, што се одржа денеска во винаријата ,,Бовин,, во Неготин, се расправаше за претстојниот откуп на грозјето. Министерот Љупчо Димовски, со оглед на преговорите кои ги имаше изминатиов период со лозарите и со винарите очекува дека нема да има поголеми проблеми во годинашниот откуп. - Можам да кажам дека залихите на вино се половина од тоа што ги имавме минатата година и тоа е добро затоа што создава добар простор винариите успешно да го извршат откупот на цела количина на винско грозје - рече Димовски. Менаџерот на винаријата „Аневски“ Ѓорѓи Бебеџаков од Штип смета дека по оваа трета средба, поблиску е целта, да се откупи целиот род на горзје од овогодишната реколта. Тој додаде дека ланските владини мерки за субвенционирање на винарските визби дадоа голем ефект,односно при светска винска криза извозот на македонско вино се зголемил. Министерот Димовски не ја исклучи можноста оваа година да се донесат и нови стимулативни мерки и за лозарите и за винарите, но сепак за тоа допрва ќе треба да се разговара. |