Сојузот на земјоделци ја поздрави владината мерка за стабилизирање на пазарот со пченица и брашно

Дата на објава: 
3 Август 2011
Bitola.jpg

Министерот за земјоделтво, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменик министерот Зоран Коњановски, денеска, во битолкото село Новаци одржаа работен состанок со членовите на Соузот на земјоделци на Република Македонија. Земјоделците ја поздравија владината одлука за заштита на пазарот со брашно и пченица и од ресорното Министерство за земјоделство побараа да се разгледа можноста за промена на законот за Агенцијата за стокови резерви, со што за потребите  на стоковите резерви пченицата во иднина  би се откупувала непосредно од произодителите.

Тие ги информираа првите луѓе на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство дека во пелагониско годинава се произведени околу 25  илјади тони пченица, од кои мелничките компании имаат откупено само околу 5 илјади тони.

- Ова е редовна средба со земјоделските производители, а продолжение на разговорите кои со земјоделците и мелничарите ги започнавме пред  повеќе од 2 месеца. На состанокот производителите ги подржаа мерките кои неодмна ги донесе Владата за стабилизирање на пазарот со пченица и брашно, со што излеговме во пресрет и на барањата на земјоделците и на мелничарите. Радува фактот што по денесувањето на сетот мерки, на терен се евидентни првите  резултати. Откупната цена на пченицата сега се движи од 13 до 15 денари за килограм – истакна министерот Димовски.

Во наредниве три месеци, како што рече тој, Влада очекува дека во соработка со производителите, мелничарите и пекарите ќе се воспостави целсна контрола на пазарот со пченица и брашно. Во функција на тоа, додаде тој се и неодамна донесените владини мерки за зајакнување на контролите при увоз на земјоделско-прехранбени производи, но и на активностите на Државниот инспекторат за земјоделство и на Агенцијата за храна и ветеринарство како и на Пазарната инспекција. ,,Убедени сме дека со мерките и со годинашното проводство ќе успееме да ги покриеме најголемиот дел од потребите за пченица. Долку има потреба, државата ќе интеревенира преку стоковите резерви,, – истакна министерот Димовски.

Претставниците на Сојузот на земјоделците ги информираа министерот Димовски и неговиот заменик Коњановски за иницијативата на неколкуте компании од млечниот сектор за увоз на  квалитетни млечни грла за потребите на кооперантите.,,Ја поддржуваме ваквата иницијатива моја е во насока на развој на македонската млечна индустрија. Радува фактот што по пропаѓањето на ,,Свед милк,, се стабилизира состојбата во сточарсиот сектор,,- посочи министерот Димовски.

Околу состојбата со  каналите за наводнување во Пелагониско, министерот Димовски  рече дека е евидентна потребата за нивно чистење, особено  на  коритото на Црна Река, што, како што најави тој, веќе е воспоствена соработка со Управата за водостопанство и Министерството за животна срдина и просторно планирање.

Во рамки на денешнта посета на Пелагонија, министерот Димовски и  заменик министерот Коњановски посетија и неколку земјоделци, производители на пченица.