- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Противпожарните единици се на ниво на најголема мобилност за борба со пожаритеДата на објава: 27 Јули 2011Во Демир Капија, Свети Николе, Гевгелија, како и во валандовскиот, во струмичкиот и во виничкиот регион, утре, четврток, 28.07.2011 година според Секторот за аналитика и истражување при Дирекцијата за заштита и спасување се очекува зголемена опасност од избивање на пожари. Поради ова, припадниците на територијалните противпожарни единици и подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување и на Центарот за управување со кризи и утре ќе бидат на ниво на најголема мобилност во сите региони во државава. Сончевото и топло време според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи ќе се задржи и во текот на утрешниот ден. Според прогнозите, кон крајот на денот можeн е развој на изолирана нестабилност проследена со локален пороен дожд и грмежи. Со цел да се спречи евентуалното настанување на шумски пожари Координативното тело за заштита на шумите од пожари и овој пат апелира граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во шума и шумскиот ред. Забрането и палење на стрништата. Секоја евентуална појава на пожар граѓаните можат да ја пријават на бесплатниот телефон за итни повици 195 на Центарот за управување со кризи, на бројот 193, како и на отворената телефонска линија 02-155-22 на јавното претпријатие ,,Македонски шуми,,.
Координативно тело за заштита на шумите од пожари |