- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Состанок со економските промотори во странствоДата на објава: 14 Јули 2011Промоцијата на македонските земјоделско-прехранбни производи се фокусира во две насоки. Првата е привлекување на директните странски инвестиции во домашниот сектор, а втората е зголемување на извозот особено со отворање на нови атракстивни пазари надвор од традиционалните, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски на презентацијата за потенцијалите на земјоделството пред економските промотори во странство. На презентацијата на промоторите им беа потенцирани приоритетите и пакетите на поволности за странските инвеститори понудени од Владата на РМ кои треба да го олеснат патот до реализацијата на инвестициите во земјоделскиот сектор и можностите за понатамошно зголемување на извозот и негова диверсификација на нови дестинации како Кина, Русија, Блискиот Исток и др. Во моментов посочи Иваноски приоритет во извозот е зголемување на пласманот на преостанатите залихи македонско вино, а во делот на инвестициите како посебно атрактивни за потенцијалните инвеститори би требало да се маркетингот со свежо овошје и зеленчук, производството на вино, одгледувањето на овошје, зеленчук, хортикултура, и оранжериско производство како и органското производство, живинарството, овчарството, козарството и пчеларството. За откупно – дистрибутивни центри државата обезбеди 14, додека за нови винарски визби 45 локации, и можност за дополнителна поддршка на приватните инвестициите од страна на државата. На странските инвеститори ќе им се понуди земјоделско земјиште на поголеми парцели за подигнување на повеќегодишни овошни и лозови насади, за градинарски култури и за оранжерии. Со измените на Законот за земјоделско земјиште се олесни и патот за изградба на земјоделски објекти. Со намалување на негативните ефекти на светската економска криза се очекува зголемена инвестициска активност во следниот период, посочи Иваноски, а министерството за земјоделство како и досега стои на располагање за олеснување на процесот од пројавување на интересот за инвестирање до самата реализација на инвестицијата. |