- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Интензивиран извозот на овошје и зеленчук во Русија и КосовоДата на објава: 10 Јуни 2011По појавата на епидемијата од бактерија ешерихија коли во повеќе европски земји, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во изминатиот период, преку контактите со нашите дипломатски претставништва, презеде итни мерки за обезбедување на алтернативни пазари за македонските градинарски производи. Целта на овие активности е да се интензивира пласманот на нови и на регионалните пазари. Поради тоа изминатите денови е евидентиран прогрес во извозот на градинарските производи особено на пазарот на Руската Федерација и на Косово. Воедно, сите испораки се документарно проследени со неопходната потврда за фитосанитарна исправност на производите. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е постојан контакт со произведувачите на градинарски производи и во рамките на своите надлежности излегува во пресрет на нивните барања. Водејќи се од европскиот принцип на следливост на производството ,,Од нива до трпеза,, Владата на Република Македонија и ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со исклучителна посветеност и следење на светските и европските стандарди во производството гарантираат дека во производството на овошјето и зеленчукот и на другите земјоделски култури во Македонија се применуваат највисоките стандарди за квалитет и за безбедност. |