- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Продолжува позитивниот тренд во производството и извозот на зеленчукДата на објава: 29 Мај 2011,,Радува фактот што и во првите месеци од оваа година продолжува ланскиот позитивен тренд во извозот на земјоделски производи, кога според стстиката го евидентиравме историски најголемиот извоз на странските пазари вреден 424 милиони евра. Рекордниот извоз е само уште една потврда на посветеноста на градинарите и нивниот професионален однос кон производството на храна, но пред се на умешноста субвенциите кои што ги дава државава за поддршка на овој сектор да се насочат кон поконкуретно и попрофитабилно производство. Ваквиот позитивен тренд е резултат и на ефективната политика на Владата за поддршка на овој сектор, кој во вкупната вредност на земјоделското производство учествува со скоро триесеттина проценти,,. Со овие зборови, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска им се обрати на земјоделцитете, преработувачите и трговците со зеленчук од струмичко, на третата по ред манифестација ,,Денови на раноградинарското производство,, која ја организира земјоделското здружение ,,Кукла градинар,, од Куклиш, со поддршка на Министеството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Убедени во производствениот и извозниот потенцијал на градинарството, од година во година, посочи министерор Димовски, Владата на Република Македонија ги зголемуваше субвенциите, од 14,7 милиони денари во 2008 година, на 70,9 милиони денари во минатата година. -Со 20 илјади денари за хектар, годинава ќе го поддржиме производството на градинарски култури на отворено и во пластеници. Производителите кои вложуваат во оранжериското производство, за оваа производствена сезона ќе добијат по 90 илјади денари за хектар, а за градинарите кои зеленчукот ќе го предадат во домашните конзервни фабрики, од буџетот се обезбедени дополнителни 1,5 денари за килограм – потенцира министерот Димовски. Убедени сме дека со скорешниот почеток со работа на откупно-дистрибутивниот центар на ,,Агрокор,, во струмичко конечно ќе почне да се решава деценискиот проблем со неорганизираниот откуп. ,,Осовременувањето на постоечките откупно-дистрибутивни ценатри и изградбата на новите 10 за кои процедурата е во тек, за Владата на Република Македонија се гаранција дека ќе се обезбеди сигурен откуп и пласман на земјоделските производи и ќе се воведат современи пазарни стандарди со кои ќе се реализира и поголем извоз. Отворена е и можноста за нивна изградба и тоа преку кофинансирање на 50 отсто од трошоците преку ИПАРД и Програмата за рурален развој,, рече министерот Димовски. Радува фактот што сега минато се колоните со камиони на граничните премини, што нема застој во извозот на овошјето и зеленчукот. Воспоставената ,,зелена линија,, за извоз на свежи земјоделски производи беспрекорно функционира. Останувајќи доследни на определбата максимално да го поддржиме земјоделско-прехранбениот сектор, истакна тој и да создадеме услови за негов натамошен раст и развој и на граничниот премин Табановце со помош од Европската унија го пуштивме во употреба новиот објект за ветеринарна и фитосанитарна контрола. Со него не само што се овозможи максимална проверка на пратките и ефикасна заштита на здравјето на населението, животните и растенијата, туку се создадоа услови за непречен и забрзан извоз и на зеленчукот од Република Македонија. -За да го зголемиме производството и извозот, да го стабилизираме секторот и да создадеме услови за искористување на секоја педа слободно државно земјоделско земјиште, во соработка со земјоделците, донесовме нови правила за распределба на државните ниви. Со измените на Законот за земјоделско земјиште, сега за прв пат може да се конкурира и за површини на кои се предвидува подигнивање на оранжерии, што досега не беше случај. А за да стане државната земја достапна за сите производители, ја намаливме и цената на закупнината – заклучи министерот Димовски. |