- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министрите за земјоделство на Македонија и Србија договорија формирање на заеднички пазарен информативен системДата на објава: 13 Мај 2011Македонија, Србија и Црна Гора ќе формираат заеднички пазарен информативен систем. Тоа е во согласност со сите напори што ги прави Република Македонија за зголемување на извозот на земјоделско прехранбени производи, но и за подобрување на трговијата со Србија и Црна Гора и со другите земји од регионот. Ова беше тема на денешната билатерална средба меѓу македонскиот и српскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски и Душан Петровиќ во Белград. Наскоро министрите за земјоделство на Македонија, Србија и Црна Гора ќе потпишат спогодба со што ке се официјализира воспоставувањето пазарен информативен систем. На ваков начин системот ќе прерасне во регионален, а негова основна цел ќе биде прибирање податоци за понудата, побарувачката и движењето на цените во областа на земјоделско-прехранбените производи во трите земји. Ќе се прави анализа и обработка на податоците што ќе овозможи подобро организирање на пазарот и непречен пласман на земјоделско-прехранбените производи. Македонија, Србија и Црна Гора имаат функционални пазарни информативни системи, но, како што беше речено на билатералната средба, интегрирањето во заедничи пазарен информативен систем ќе значи полесно добивање податоци за трговијата со земјоделско-прехранбени производи на ниво на регионот. На средбата беше договорено и да се обноват договорите за соработка во областа на растителниот карантин и заштита на растенијата, во ветеринарството, како и да се потпишат протоколи за научна, економска и техничка соработка во областа на земјоделството. Двајцата министри договорија и продлабочување на билатералната соработка во насока на евроинтеграциските процеси во повеќе области пред се во спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и на договорот со Светската трговска организација во земјоделската политика, размената на искуства и заедничките политики за уредување на пазарите. Министерот Димовски и неговиот српски колега Петровиќ разменија искуства во делот на субвенционирањето на земјоделството и искористувањето на средствата од предпристапните фондови на Европската унија. |