Забрана за вршење риболов на Тиквешко Езеро

Дата на објава: 
11 Мај 2011

Врз основа на член 95 став 1 алинеја 1 од Законот за рибарство и аквакултура (Службен весник на Република Македонија бр.07/08, 67/10, 47/11 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува

 

 

 

 

З А Б Р А Н А

за вршење риболов на риболовната вода Тиквешко Езеро

 

 

  1. Се забранува вршење стопански и рекреативен риболов на сите видови риби освен за видовите: караш (Carassius gibelio), костреш (Perca fluviatillis), американско сомче (Ameiurus nebulosus) и сончарка (Lepomis gibbosus) на риболовната вода Тиквешко Езеро.

 

  1. Забраната е за период од 30 дена и ќе започне на 09.05.2011 година и ќе трае до 08.06.2011 година.

 

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

 

Забраната за вршење риболов се носи заради моменталната сосотојба на подготвеноста за природен мрест на популациите риби од Тиквешкото Езеро, а врз основа на дописот број 08-4407/1 од 29.04.2011 година од концесионерот на рибите Селект – ГМ Кавадарци и мислењето број 02-162/1 од 26.04.2011 година од ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид изработувач на риболовната основа за Тиквешкото Езеро кое е доставено во прилог на дописот од концесионерот.