- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Комерцијалните фарми со обврска за редовно водење сметководствоДата на објава: 22 Март 2011Македонија ги привршува подготовките за воспоставување мрежа за сметководствени податоци од фарма со кој тие земјоделски стопанства имаат обврска редовно да водат сметководство.
-Со нејзино воспоставување ќе имаме целосен увид во нивното економско и финансиско работење за да можеме соодветно и прецизно да ги прилагодиме политиките и за субвенционирање и сите други типови за поддршка на земјоделското стопанство, истакна заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски на отворањето на првата Национална конференција за мрежата од сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН).
Системот кој се воспоставува веќе две - три години овозможува прибирање економски и финансиски податоци од земјоделските стопанства. Целта е да се направи пресметка на економските влијанија со што ќе утврди колку одредени фарми по типови и големина се профитабилни по одредени потсектори во Македонија.
Согласно пресметките од Државниот завод за статистика репрезентативен примерок кој го отсликува реално структурата на земјоделското стопанство во Македонија треба да вклучува 1.200 фарми. Годинава, информира Ивановски, ќе бидат вклучени 600 фарми, односно за 200 повеќе во однос на 400 колку беа вклучени досега. Бројката ќе се зголемува постепено за да се достигне таа од репрезентативниот примерок за да се види целосната слика.
Системот на мрежата на сметководствени податоци или ФАДН ги вклучува само комерцијалните фарми, односно тие кои имаат пазарен вишок произведуваат за пазар.
Во имплементација на проектот е вклучено Министерството за земјоделство како Агенција за врски која ќе комуницира со Брисел за испраќање на овие податоци за формулирање заедничка економска политика во делот на земјоделството заедно со членките на Европската унија. |