Соопштение

Дата на објава: 
17 Март 2011

Државниот инспекторат за земјоделство, како што беше договорено на вчерашниот состанок во министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство од денеска ги координира  активностите на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите  и на откупните компании за тоа кои пунктови и во кои населени места ќе има потреба да се отворат пунктови за прифаќање на преостанатите количества тутун.

 

Според информациите од терен добиени од инспекторатот во некои населени места во прилепско и во радовишко и денеска се вршел откуп,а во наредните денови по извршениот увид треба да бидат отворени дополнителни пунктови.

 

На овој начин ќе им се излезе во пресрет на тутунарите кои не успеаја навреме да го предадат родот поради бојкотот непосредно по почетокот на откупната кампања.

 

Тутунарите како што е ветено ќе ги добијат субвенциите од 60 денари за килограм. Досега откупувачите за предадениот тутун им исплатиле на производителите 58 милиони евра на кои ќе треба да се исплатат околу 25 милиони евра субвенции.