Субвенции во сточарство за 2011 година

Дата на објава: 
11 Март 2011

Директни плаќања за сточарско производство за годинава изнесуваат околу 2 милијарди денари.Фармерите кои одгледуваат говеда ќе добиваат по 2.700 денари по грло субвенција.Субвенцијата се пресметува скалесто. За одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари по грло,а за набавка на високостелни јуници со познато потекло и висок генетски потенцијал по 40 илјади денари по грло.

 

Земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат минимум 30 грла овци од сите категории на овци висината на директните плаќања изнесува 950 денари по грло. Набавени машки приплодни грла оригинали и репродуктори во период јануари– септември 2011 година ќе се субвенционира со максимален износ до 15.000 денари по грло оригинали и 5.000 денари по грло репродуктори.

 

Сточарите одгледувачи на кози ќе добиваат по 850 денари по грло за сите категории.За произведено и продадено кравјо,овчо и козјо млеко сточарите ќе добијат поголема субвенција од минатата година и тоа од 2,5 на 3,5 денари за литар.

 

Во свињарството за најмалку 2 грла субвенцијата ќе изнесува 800 денари по грло,а за одгледани и заклани гоеници со минимум 5 грла висината на директните плаќања изнесува 1.000 ден по грло. Во однос на бројот на грла се пресметува скалесто.

 

За директни плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети висината на директните плаќања изнесува 25 денари по бројлер,а за несилки заклани во регистрирани кланични капацитети субвенцијата изнесува 22 денари по несилка.

 

За произведени еднодневни бројлерски пилиња корисниците на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои произвеле и продале еднодневни бројлери во период од октомври 2010 до септември 2011 година ќе имаат право на подршка од 3 денари и за произведени еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди ќе добијат исто така по  3 денари.