- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Демант на денешниот прилогот на A1 под наслов ,,Земјата се дели по мерка на власта,,Дата на објава: 3 Март 2011Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство остро демантира дека земјата се дели по мерка на власта. Согласно Законот за земјоделско земјиште (Сл. весник на РМ бр. 135/07) изборот е правен врз основа на најдобрата понуда, а не по мерка на власта. На огласот во село Трновци битолско беше распределени 20ха на 2 апликанти кои дадоа најдобра понуда,но поради барањето на месната заедница и на селаните, оваа површина да остане како пасиште за нивниот добиток, министерството не беше во можност да ги воведе во владение. Потсетуваме дека единствен начин за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственост е преку јавен оглас и со компетна документација наведено во огласот, ова се услови кои Душан Таневски и затоа не го добил земјиштето кое претходно со години го узурпирал.Тврдењето на Таневски дека огласите биле нетранспарентни е целосно неточно.Огласот со списокот на катастарските парцели се објавен во подрачната единица на министерството,во општините каде што се наоѓаат парцелите, во печатените медиуми,електронските како и во локалните телевизиски медиуми. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство целосно ја спроведува постапката за транспарентна поделба на земјоделското земјиште.Отворањето на понудите е јавно со што секој може да има увид во документацијата и во понудената цена. |