- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Во Долненско тутунот се откупува под полна пареаДата на објава: 11 Февруари 2011,,Експресно е надминат проблемот со слабата динамика во откупот на тутунот во Долненско по денешниот почеток со работа на дополнителните 6-7 ваги на битолски ,,Соко таб,, и ,,Струмица табак,, и тоа на критичните места во овој регион, каде беше слаба динамиката на откуп,,. Ваква оценка на моменталната состојба со откупот на тутунот даде Данчо Милески, претседател на Сојузот на здруженија на тутунпроизводители по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Според Милески, проблемот експресно се решил, бидејќи дополнителните ваги почнале со работа порано од највеното, односно место во понеделник, профункционирале уште во текот на денешниот ден. ,,Најактивни на теренот се прилепскиот Тутунски комбинат и ,,Алијанса уан,,. Со вака забрзана динамика, според наша проценка, откупот без проблеми ќе се реализира во законскиот рок до 15 март,, - истакна Милески. Министерот Димовски потвди дека на откупните пунктови во Долненскиот регион се донесени и проценителите од откупните компании и тоа од регионите каде откупот завршил или е во завршна фаза, најмногу од струмичкиот и од велешкиот регион, каде откупот е пред самиот крај. -Министерството за земјоделство разговара со откупните компании за отворање на пунктовите и за време на викендите, со што уште повеќе ќе се забраза динамниката на откуп. Со,,Соко таб,, и ,,Струмица табак,, се најде решение и за ускладиштување на зголемените количини откупен тутун – објасни министерот Димовски. Во поглед на дорегулирање на производството, откупот, увозот и извозот на тутун и на тутунски преработки, Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство, постапувајќи по заклучоците на тематската седница на Собранието на Република Македонија, во соработка со откупувачите, претставници на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители и со науката, ги изготви измените и дополнувањата на Законот за тутун и новиот Правилник за откуп кои веќе се наоѓаат во владина процедура, по што се очекува нивно усвојување на една од наредните седници на Владата. Потоа следи влегување во процедура во Собранието на Република Македонија до конечното усвојување. Новите одредби од Правилникот предвидуваат наместо досегашните 11 класи тутунот од реколтата 2011 година да се договори и откупува во 6 класи и тоа 4 основни и 2 дополнителни класи, а тоа според Милески е прифатливо за производитерлите. -Со измените на Законот за тутун ќе се прифатат најголемиот дел од барањата на тутунарите за квалитативна промена на проценката на тутунот. Новините предвидуваат и зајакнување на ингеренциите на Државниот инспекторат за земјоделство и тоа делот на проценката на тутунот. Со измените на Законот за тутун, инспекторатот ќе се вклучи и во контролата на увозот и извозот на тутун и тутунски преработки – потенцира министерот Димовски. Министерството за земјоделство и Државниот земјоделски инспекторат активно го следат откупот на тутунот. Инспекторите се постојано на терен и стојат на располагање на сите тутунари кои имаат забелешки во поглед на проценката.Според официјалните податоци досега се откупени околу 16,5 илјади тони тутун. По средбата со претседателот на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители Данчо Милески, министерот за земјоделство излезе на терен, лично да се увери во тоа каква е динамиката на откуп. |