Договорено интензивирање на соработката меѓу Министeрството за земјоделство и Федерацијата на фармерите

Дата на објава: 
9 Февруари 2011
100_4576.jpg

Интензивирање на соработката меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Федерацијата на фармерите во Република Македонија, преку организирање на теренски работилници и учество во работните тела на Министерството за земјоделство при креирањето на законските и подзаконските акти. Ова е  заклучокот од денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и претседателот на Федерацијата  на фармерите Андрија Секуловски.

 

Како што истакна министерот Димовски, ресорното Министерство како и досега останува отворено за соработка со земјоделските здруженија и асоцијации. ,,Федерацијата е партнер на Министерството за земјоделство и тоа е од исклучителна важност за нас. Заедно, преку вашето делување на терен и секојдневната комуникација со земјоделците, ние добиваме релевантни сознанија за потребните на земјоделските производители. Врз основа на нивните потреби, во соработка со науката, ги креираме програмите за поддршка, законските и подзаконските акти,, рече министерот Димовски.

Претставниците на фармерите посочија дека се залагаат за  професионализација на земјоделството и побараа  нивно вклучување во  редефинирањето на стратегијата за развој на земјоделството во Република Македонија.

 

Министерот Димовски детално  ги информира фармерите за неколкуте нови законски и подзаконски проaкти на кои работат стручните тимови од Министерството за земјоделство, истакнувајќи дека наскоро Република Македонија ќе ја добие првата педолошка карта врз основа на која ќе може по региони да се планира и пофункционално да се организира земјоделското производство.