- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Предлог измени на Закон за земјоделско земјиште во функција на рационално користење на земјоделското земјиштеДата на објава: 8 Февруари 2011Со досегашна примена на Законот за земјоделско земјиште, донесен во 2007 год., се наметна потребата од дорегулирање на одредени прашања со цел да се постигнат посакуваните ефекти и во целост да се остварат целите на политиката на Владата на Република Македонија во земјоделството истакна на денешната прес конференција министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство.Измените се однесуваат на:
Исто така се појави потреба од:
Имајќи ги во предвид наведените цели Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пристапи кон изработка на измени и дополнувања на Законот за земјоделско земјиште во кои се предлагаат следните конкретни решенија:
Земјоделското земјиште во приватна и државна сопственост може да биде предмет на физичка делба помеѓу сосопствениците или заедничките сопственици само доколку катастарската парцела е со површина поголема од 2 хектари. Оваа мерка има за цел да го спречи понатамошното уситнување на земјоделските парцели, кое се прави најчесто преку физчката делба, со што ќе се придонесе за оптимално искористување на земјоделското земјиште како ограничен природен ресурс.
Се бараат помалку документи и се скратува целокупната постапка.
Со оваа постапка за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственпост под закуп со која на заинтересираните правни и физички лица им се овозможува самостојно со поднесен геодетски елаборат, изработен од страна на овластена геодетска установа, да ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државнa сопственост за кое поднесуваат понуда за добивање во закуп во рамки на катастарската општина во која се објавува земјиштето. Државното земјоделско земјиште кое се дава на оглас за склучување на договор за закуп е според податоците со кои располага Подрачната единица на МЗШВ, а кои се добиваат од Агенцијата за катастар. Состојбата на терен покажува дека таквите податоци често се нецелосни или не ја следат вистинската состојба на терен. Оттаму, ваквото решение ќе овозможи дирекна вклученост на самите заинтересирани странки (земјоделци) да укажат на слободното земјоделско земјиште и истото да го земат непосредно под закуп. Со ова ќе се овозможи да се распределат и малите парцели на државно земјиште за кои досега непостоеше реален интерес, а воедно ќе се спречи можната манипулација од страна на државната администрација при објавувањето на земјиштето.
Начинот за намалување на почетната цена има за цел да го зголеми интересот за обработување на земјоделското земјиште во државна сопственост, особено на земјоделското земјиште од пониските класи и оние кои се наоѓаат во планинските подрачја. Досегашното решение за утврдување на цената ја правеше истата да биде висока и во просек да се движи околу 3000 денари почетна цена по хектар при закуп. Со предложените измени почетната цена по единица површина во постапката по Јавен оглас ќе се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. Почетната цена да изнесува 25 Евра во денарска противредност за земјоделско земјиште од I-ва до IV-та катастарска класа и 15 Евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од V-та до VIII-ма катастарска класа. По исклучок, доколку земјоделското земјиште се наоѓа во планински подрачја, почетната цена за земјиштето од I-ва до IV-та катастарска класа да изнесува 15, а за земјиште од V-та до VIII-ма катастарска класа изнесува 5 Евра во денарска противрденост.
На барање на Заедницата на единиците на локалната самоуправа со измените е предвидено во Комисијата за распределба на земјоделското земјиште во државна сопственост да се вклучи претставник од општината на чија територија се врши распределбата. Со ова на единиците на локалната самоуправа им се овозможува да имаат увид и надзор над постапката за распределба на земјиштето кое се наоѓа во границите на општините.
Во случај кога ќе се издаде државно земјоделско земјиште на плодоуживање законот не ги предвидуваше следните чекори по истекот на договорот. Договори за плодоуживање се склучувани со социјални случаи по Програма на Владата, а по истекот на договорениот период за плодоуживање земјоделското земјиште истото се отстапува за понатаму да се распредели по пат на јавен оглас, со што се отвара можност тие лица повторно да станат ризична категорија (социјални случаи). Оттаму, овие одредби го регулираат тој нерегулиран дел.
Претходните две одредби се особено значајни. Истите ќе го решат проблемот со кој се соочуваат индивидуалните земјоделци или правните лица кои се занимаваат со таа дејност. Имено, има случаи одредени физички или правни лица да имаат докажана сопственост над одредени насади, но немаат закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост. Најчесто тоа е случај кој се јавува по стечај на некоја фирма, а насадите кои ги поседувала таа фирма му припаднале на некој од доверителите или се отуѓени во судска постапка. Законот не предвидуваше решение за ваквите случаи. Со предлог законот за земјоделско земјиште се овозможува воведувањето во владение.
Во овој сегмент се врши поголема либерализација. Имено, доколку не беше возможно да се изврши пренамена на земјоделско земјиште во градежно за I, II, III и IV класа на земјоделско земјиште освен за случаи кои ги пропишуваше законот (јавен интерес, непостоење на друга класа на земјиште во општината), со предложените измени се предвидува да може да се изврши пренамена и на III и IV класа на земјиште. Со тоа се овозможува поголема флексибилност и се зголемуваат можните места за градење на објекти за неземјоделски цели, со цел поголема флексибилност и подобрување и на самата бизнис клима во РМ.
Досега законот предвидуваше при трансформација на земјоделско земјиште во граежно да се плаќа надомест од проценетата цена на земјиштето зголемена за трипати. Тоа ги одбиваше инвеститорите. Имено, требаше да се одвојат значителни средства за трансформација. Законот сега во целост го укинува ваквиот надомест. Се очекува ваквата одредба значително да ја подобри бизнис климата во РМ. 10. Се пропишува постапка за изградба на оранжерии, помошни објекти и фарми на земјоделско земјиште: Со актуелниот Закон за земјоделско земјиште изградба на објекти за примарно земјоделско производство на земјоделско земјиште не е можно. Сега се овозможува и тоа со многу едноставна постапка. Ова ќе овозможи легализација на досега нелегалните објекти на земјоделско земјиште, како и можност за аплицирање до ИПАРД средствата 11. Се прдвидува можност, оранжериите и помошните објекти кои се изградени на земјоделско земјиште пред влегувањето во сила на овој закон, а кои немаат одобрение за градење или друг акт за изградба на објектот, да може да се издаде одобрение за потврдување на објектот, доколку ги исполнуваат условите од законот: Корисниците на овие објекти се должни да ја достават документацијата наведена во законот, при што наместо основен проект треба да достават проект за изведена состојба и мислење за геомеханичките и статичките карактеристики на објектот од овластено правно лице. Одобрението се доставува до Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството и Државниот инспекторат за земјоделство и истиот претствува основ за упис на правото на сопственост на објектот во јавната книга за запишување на правата на недвижностите, како право на сопственост на објект изграден на земјоделско земјиште. 12. Се имплементира нова постапка при инспекциискиот надзор а тоа е постапката за едукација на сторителите на прекршоци и се намалува висината на глобата кај одреден вид на прекршоци: Едноставно земјоделецот кој сторил мал престап, нема да биде веднаш казнет. Во глобала се ублажува казнената политика во самиот закон. |