- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СООПШТЕНИЕДата на објава: 21 Јануари 2011По покана од германското Сојузно министерство за храна земјоделство и заштита на потрошувачите, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес и утре ќе учествува на третиот Балкански самит на министерите за земјоделство.
Самитот се одвива под мотото ,,Трговијата и глобалната безбедност на храната, глобално Оваа конференција на меѓународно ниво има за цел да обезбеди нов поттик за понатамошни разговори и преговори во врска со трговијата и глобалното снабдување со храна. Министерите за земјоделство од целиот свет ќе имаат можност да разменат искуства и концепти за трговијата со безбеднсот на храната на локално регионално и на глобално ниво.
Други настани на високо ниво кои ќе се одвиваат во рамките на Глобалниот форум за храна и земјоделство се и експертските панели, фокусирани на спецификите на поедини земји.
Министерот Димовски ќе оствари и билатерални средби со неговите колеги од регионов и Европа. |