- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски на откупен тутунски пункт во општина ЧашкаДата на објава: 5 Јануари 2011„Оваа Влада за прв пат во Македонија води политика за развој на земјоделството. Преку субвенциите се обидува да го подигне стандардот на земјоделецот, но тие пак во овој момент треба да ги почитуваат апелите за предавање на тутунот со подобар квалитет“ рече Димовски кој смета дека тутунарите се уште го чуваат дома.
Тој денеска беше во посета на откупниот пункт во општина Чашка каде порача дека не треба да се потценува трудот на тутунопроизводителите. Министерот во разговорот со земјоделците, проценувачите и откупувачите, потенцира дека Државниот инспекторат ја засили контролата на сите откупни пунктови.
„Тутунопроизводителите мора да го предадат поквалитетниот тутун, ублажување на критериумите мора да има, контролите се засилени. Министерството досега има изречено казнени мерки, вкупната сума на изречена глоба е 188 илјади евра“, рече Димовски.
Ресорното министерство со веќе изречените казни кон откупувачите само докажува дека е на страна на тутунарите. Министерот Димовски најави дека доколку откупувачите не ги почитуваат стандардите за проценка на квалитет, ќе им биде одземена лиценцата.
Штрајковите и блокадите се на штета на интересите на тутунопроизводители.Секој има право да го изразува своето незадоволство,но тоа да не биде на штета на другите.Министерството е отворено за соработка со сите земјоделци,особено со оние кои сметаат дека се обесправени тоа го потврдува и синоќешниот состанок со тутунарите кои не се членови на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители.Најплодна соработка е со легитимните земјоделски здруженија. |