- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
По 35-ти пат „Факултет-стопанство“ на Факултетот за земјоделски науки и хранаДата на објава: 16 Декември 2010Земјоделскиот сектор во Македонија успешно се соочи со последиците од светската економска криза. Како резултат на неколкугодишната активна буџетска поддршка, поголеми потреси немаше, а со донесувањето интервентни мерки Владата успеа да ги заштити производителите и да ги стабилизира пазарите, рече ресорниот министер Љупчо Димовски во обраќањето на традиционалната манифестација „Факултет-стопанство“ што денеска, по 35-ти пат, ја одбележува Факултетот за земјоделски науки и храна.
- Многукратното зголемување на субвенциите во изминативе четири години кое достигна 100 милиони евра и правилно креираната политика за развој на аграрот беа основа за генерално стабилизирање на секторот. Успешно ги надминавме сите кризни периоди, во овоштарството, поледелството и во сточарскиот сектор, напомена Димовски.
Од годинашните 100 милиони евра субвенции за земјоделството досега се исплатени преку 66 проценти, додека од поддршката за рурален развој, 10 милиони евра, се реализирани 72 отсто, најголем дел за обновување на земјоделската механизација.
Тој информира дека привршува подготовката на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2011 година со која ќе се распределат 115 милиони евра субвенции за земјоделците и преработувачите.
Министерството активно работи и на прилагодување на македонските политики во аграрот кон европските. Донесени се голем број приоритетни закони и подзаконски акти. Паралелно течат и институционалните реформи. - Новиот Закон за земјоделство и рурален развој детално ги уредува спроведувањето на системот на директни исплати, политиката за рурален развој, програмирањето и спроведувањето на државната помош во земјоделството. Законот го регулира и заедничкото уредување на пазарите, особено пазарната поддршка и интервентните мерки, уредувањето на основните принципи и начини на трговијата со земјоделски производи, како и секторските партнерства во земјоделството и руралниот развој, односно начините и моделите за соработка меѓу невладиниот сектор, примарните производители и бизнис заедницата во земјоделството со цел нивно поврзување, истакна Димовски. Честитајќи ги 35-годишнината од манифестацијата „Факултет-стопанство“ и 63-годишнината од постоењето на Земјоделскиот факултет, Димовски подвлече дека и во сложени економски услови како сегашните, науката и практиката функционираат како систем. Факултетот во сите години од своето постоење дава огромна поддршка при креирањето на политиките за развој на аграрот.
Македонскиот аграр во однос на прилагодувањето кон ЕУ пазарот и политиките мора да помине уште многу активности и тешкотии, оцени деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Драги Димитриевски. Науката во оваа насока, како и досега, ќе ги стави во функција сите свои капацитети. |