Заклучоци од четвртиот Годишен работен состанок на министрите за земјоделство на земјите од Југоисточна Европа

Дата на објава: 
27 Ноември 2010

Итен напредок во реформите на полето на земјоделството и руралниот развој во земјите од југо-источна Европа,имплементација на соодветни политики за земјоделство и рурален развој на Европската Унија, интензивирање на регионалната соработка, трговскиот и економскиот развој и улогата на донаторската заедница, мора да се интегрираат во процесот на развој на земјоделството и руралниот развој во земјите од југо-источна Европа.Ова се дел од заклучоците  на четвртиот состанок на министрите за земјоделство кој на 23 и 24 ноември се одржа во Загреб,Република Хрватска.

 

На состанокот организиран од Министерството за земјоделство, рибарство и рурален развој на Хрватска и Постојаната работна група (SWG) за регионален рурален развој на југо-источна Европа беше заклучено дека се неминовни реформи во политиката за земјоделство и рурален развој и нивно прилагоидување со Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

 

Министрите за земјоделство меѓу кои и македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски и шефовите на делегации од земјите на Европската Унија и земјите-кандидати се согласија дака со добивање на кандидатски статус за сите земји на западниот Балкан, ќе се отвори можност тие да располагаат со сите компоненти од претпристапните фондови на ЕУ со цел обезбедување на усогласен и подобар пристап во Унијата. Нагласена беше потребата за понатамошно зајакнување на соработката помеѓу земјите од западниот Балкан и институциите на Европската унија.

 

Изразено беше уверување дека новата и реформирана Заедничка земјоделска политика за 2013 2020 ќе има значително влијание врз земјоделството, преработката на храна и руралното население во земјите кандидати и земјите потенцијални кандидати за влез во ЕУ.

 

Согласно резултатите од Форумот за земјоделска политика 2010 и Дрезденската Агенда 2010, министрите и шефовите на делегациите се согласија дека треба да се интензивира размената на искуства, информации и знаење помеѓу администрацијата и учесниците од земјоделскиот и руралниот развој во југоисточна Европа. Регионалните иницијативи, како што е SWG, да се вклучат во разгледувањето на новата Заедничка земјоделска политика до 2020, да се обезбеди помош во концептуализација и промоција на идниот ориентиран пристапи за рурален развој кој е целосно компатибилиен со националните стратегии за економски развој и без ограничување на перспективите на приватниот сектор.

 

На состанокот на министрите беше донесен и заклучок за формирање на аналитичко тело за земјоделска политика и политика за рурален развој во рамките на SWG и тоа во регионот на југоисточна Европа со цел изградба на систем за зголемување на регионалната соработка во рамките на Постојаната работна група за регионален рурален развој.

 

Министрите за земјоделство и шефовиоте на делегациите изразија подготвеност за продолжување на соработката помеѓу земјите во преку-граничните подрачја, со цел да се обезбеди нивни одржлив економски развој. Тие ја овластија Главната канцеларија/Секретаријатот и Собранието на SWG за подготовка на среднорочен план за развој, со цел да се прошири неговата развојна работа во регионот и да се направат сите неопходни чекори за напредок на процесот на посредување за размена на информации помеѓу нашите институции и другите заинтересирани страни.

 

На состанокот министерите се согласија дека е неминовно Европската Комисија да ги забрза разговорите со SWG во идентификацијата на темите од заеднички интерес и да се отпочне со подготовка за понатамошна имплементација на регионалните програми кои соодветствуваат на руралните подрачја во земјите од југо-источна Европа. Заеднички заклучок е дека е потребно да се надминат разликите и ограничувањата во административните процедури и понатамошната либерализација на трговијата со земјоделки и прехрамбени производи со цел да се олесни имплементацијата на ЦЕФТА договорот.

 

Прифатен беше предлогот Претседателството на SWG за 2012 година да се предаде на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.