ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЗОПОД

Дата на објава: 
18 Ноември 2010

Во организација на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска се одржа јавна расправа  по новиот текст на ,,Заедничката основна програма за одгледување на добиток,,.

Оваа програма претставува генерална рамка за одгледување на добитокот во однос на генетското унапредување, низ одгледувачки програми со соодветна зоотехничка ширина и економска компетитивност, а заради нивна одржливост во рамките на заедничката земјоделска политика на ЕУ и пошироко.

Со овој документ по видови на домашни животни се оценуваат и препорачуваат оптималните големини на основните популации на приплодни грла, структурата на националните пирамиди, правците на селекција и облагородување, основните одгледувачки цели, одгледувачките шеми и генотипови, зоотехничките зафати и документација, обемот и начинот на водење на фармската евиденција и потребните бази на податоци.

 

Програмите за селекција според ЗОПОД предвидуваат контрола на поважните економски и други особини, оценката на приплодната вредност на грлата со употреба на современи методи и соодветно рангирање и селекција на домашните животни. Ширењето на генетскиот прогрес и достапноста до супериорен генетски материјал, со почитување на принципите на зачувување на генетската варијабилност во рамките на ЗОПОД имаат особено значење.

Имајќи ги во предвид потребата од балансиран рурален развој на одделни македонски региони и принципите на недискриминација на македонскиот фармер со помош на современи алатки (В/О вештачко осеменување, ембрио трансфер и друго) остварениот генетски прогрес ќе биде прошируван на целата македонска популација на домашни животни.

Временскиот хоризонт на реализација на ЗОПОД не ги ограничува одделните одгледувачки програми кои својата реализација ќе ја започнат во рамките на проектираниот период од десет години.

Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски кој ја водеше јавната расправа посочи дека ЗОПОД е важен документ кој произлегува од новиот Закон за сточарство,а неговите решенија треба да бидат применливи во практиката.Во таа насока подзаконските акти кои ќе произлезат ќе треба да се изготват квалитетно тргнувајќи од нивниот приоритет.

На јавната расправа беше заклучено, оние кои што имаат забелешки на текстот на програмата до 26 ноември годинава да ги испратат во писмена форма до секторот на министерството за земјоделство.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: