Македонската месна индустрија се поконкурентна во регионот

Дата на објава: 
16 Ноември 2010
100_4291.JPG

Македонската месна индустрија станува се поконкурентна во регионот,таков е случајот со „Мега“ чиј производен капацитет денеска го посети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.Високиот квалитет што го нуди оваа месна индустрија претставува сериозна конкуренција за производителите во регионот и поради тоа се соочува со бариери. Ние веќе ја информиравме Владата за овој проблем и во соработка со Министерството за економија ќе се обидеме што поскоро да го решиме, изјави Димовски откако со сопственикот Зоран Ранѓеловиќ го разгледа производниот капацитет.

 

Министерот смета дека квалитетот, сепак, е тој што треба да биде пресуден дали некој производ ќе се купува или не.Македонија иако увезува месни преработки, може сама да произведува и да ги задоволи потребите на домашниот пазар.

 

- Македонија увезува месни преработки, но ова е добар пример дека можеме сами да ги произведуваме и да го задоволуваме домашниот пазар. Но, тоа не е единствената придобивка, битен е и делот на кооперантските односи со производителите од кои компанијата купува добар дел суровина, рече Димовски.

 

„Мега“ работи повеќе од 15 години, ги има имплементирано сите потребни стандарди за квалитет, се снабдува со суровина од Македонија и од странство, а преработките, полутрајни и трајни, освен на домашниот, ги пласира и на странските пазари.Капацитетот на фабриката во Трубарево произведува 250 до 300 тони трајни преработки месечно и 40 до 50 тони полутрајни преработки дневно за кои однапред е обезбеден пласман. „Мега“ има свои претставништва во повеќе земји од регионот,посочи Ранѓеловиќ