- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеДата на објава: 14 Ноември 2010Вицепремиерот Владимир Пешевски задолжен за економски прашања и министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска посетија неколку винарски визби во тиквешикиот регион. Целта на посетата е од менаџерските тимови да се информираат за моменталната состојба во винарските визби,за откупените количества на винско грозје и пласман на виното на странскиот пазар. Во винарската визба Повардарие од Неготино и Винеа од Росоман вицепремиерот Пешевски и министерот Димовски беа информирани дека пласманот на виното на странскиот пазар има позитивен тренд и се повеќе се извезува во Чешка,Полска и во Романија. Мерките на Владата за субвенционирање на винарските визби за стимулирање на откупот на винското грозје според винарските визби даваат ефект, не само во пласманот на виното туку и за исплата на откупеното грозје. На средбата биле споредени и податоците на винарските визби и на Државниот инспекторат за земјоделство околу количествата на откупено грозје и грозје останато на лозјата.Било констатирано дека количеството на необрано грозје е минимално. |