Отворена манифестацијата ,,Ден на органско производство,,

Дата на објава: 
11 Ноември 2010
100_4248.jpg

Република Македонија ги следи современите светски текови во земјоделското производство. Радува фактот дека и органското земјоделство сега е важен, перспективен дел на одржливото производство, еколошки систем за управување, вградувајќи меѓународно поставени стандарди и принципи за рационално користење на природните ресурси. Ваквиот начин на производство меѓудругото обезбедува и заштита на биодиверзитетот, здравјето за сите живи организми, водејќи сметка за унапредувањето на здравјето на сегашните и идните генерации.Од година во година, во светски рамки, побарувачката на органски производи расте. Затоа, нашава земја, чекорејќи го патот кон Европската Унија го поддржува неговиот развој. Законската и позаконската регулатива од оваа област постојаното се надградува и усогласува со европската-рече министерот Љупчо Димовски по повод манифестацијата ,,Ден на органското производство,,

Кон крајот на 2009 година го донесовме новиот Закон за органско земјоделско производство, целосно усогласен со новата европска регулатива. Годинава донесени се 18 подзаконски акти кои подетално ја регулираат оваа значајна област.

Програмата за поттикнување на развојот на органското производство ги постигнува зацртаните цели.  Владата, финансирајќи го секој сегмент од системот на органското производство и македонските органски фармери ги етаблира меѓу современите европски.  Навреме го согледавме трендот на пораст на побарувачката на овие производи на светскиот пазар и затоа, направивме напори за насочување на македонските производители кон потребите на пазарот со овој специфичен вид земјоделски производи.

Со 30% зголемена финансиска поддршка во однос на конвенционалното производство, државава го поддржува примарното органско земјоделско производство. Свесни дека мора да водиме сметка за целиот синџир, следејќи го европскиот принцип  на производтсво на безбедна храна ,,Од нива до трпеза,, финансиска поддршка обезбедивме и за преработувачите и трговците со органски производи.
Минатата година поддршката изнесуваше повеќе од еден милион евра, а годинава за развој на оваа, во европски и во светски рамки профитабилна земјоделска гранка, министерството за земјоделство одвои повеќе од 1 милион и 160 илјади евра.

Ефектите од зголемувањето на финансиската поддршка се веќе видливи. Зголемен е бројот на земјоделци кои се занимаваат со органско производство, вкупните обработливи површини, како и органското сточарство, пчеларството, а пораст има и кај сертифицираните површини под самоникнати растенија и плодови.

Од 266 хектари под органско производство и само 50 органски фарми пред 5 години, минатата година, производните површини за органско земјоделство достигнаа до 1400 хектари, а бројот на евидентирани органски фармери 320.

Токму затоа, убедени сме рече министерот Димовски дека годинава од манифестацијата „Ден на органското производство“ која Министерството за земјоделство по трет пат ја организира во соработка со Федерацијата на производители на органско производство, од ,,Агрофуд 2010,, ќе испратиме јасна порака на земјоделците, преработувачите,  на трговците со органски производи и на сите потрошувачи, дека Република Македонија со досега постигнатото во развојот, но и со стратегијата и проекциите за напредок на производството на органска храна,  оправдано  се смета за лидер во регионот.