Промовиран почетокот на втората фаза од проектот ,,Агроенергија,,

Дата на објава: 
3 Ноември 2010
Ce Pro SARD 022.jpg

Македонските фармери да ги користат обновливите извори енергија во земјоделството и руралните средини зошто тие освен заштита на животната средина значат и намалување на производните трошоци. Ова е основата на која се темели втората фаза од проектот „Агроенергија“ што официјално почна да се реализира и ќе трае до декември 2012 година.

- Искористувањето на обновливите извори енергија во руралните средини се темели на користење енергија од земјоделството во земјоделството. Тоа директно влијае врз заштитата на животната средина и врз намалување на негативното влијание од користењето на фосилни горива. Ова е една од значајните мерки за прилагодување кон глобалните климатски промени, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Неколку фарми во Македонија се на почеток во користењето биогас од производи од животинско потекло и од остатоци од земјоделски производи, но тоа е многу малку. Како што истакна министерот Димовски, целта на овој проект е  искористување на обновливите извори енергија со цел да се добие посериозна диманзија зашто освен заштита на околината тоа е и значителна заштеда на пари.

- Минатата година Македонија прв пат воведе финансиска поддршка за инвестиции во производство и користење обновливи енергии во руралните средини. Инвестициите за искористување обновливи извори енергија се дел и од трите мерки на ИПАРД Програмата, преструктуирање и надградба на земјоделските стопанства согласно стандардите на Европска унија- додаде министерот Димовски.

Амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија Ларс Валунд рече дека искористувањето на обновливите извори на енергија е добро за околината и значи заштеда на пари, а може да биде и солидна основа  за екстра заработувачка.
Проектот ,,Агроенергија,, е поддржн од шведската Влада со 1,4 милиони евра.