Соопштение

Дата на објава: 
18 Октомври 2010

ЗА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ

ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНИТЕЛ НА ТУТУН

 

 

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун се врши согласно:

 

-Законот за тутун и тутунски производи ("Службен весник на Република Македонија" бр.24/06 и 88/08) и

 

-Правилникот за начинот и програмата за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот ("Службен весник на Република Македонија" бр.21/07).

 

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Заинтересираните кандидати заедно со пријавата (во која се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да ги приложат следните потребни документи:

 

1. Диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун  или

 

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

-високо образование со две години работен стаж

-вишо образование со три години работен стаж или

-средно образование со четири години работен стаж.

 

За работното искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун треба да се достави и потврда од фирмата.

 

3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун непрекинато најмалку последните пет години треба да приложат договор за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование.

 

Пријавата заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 26.10.2010 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: улица "Јуриј Гагарин" бр.15, Скопје 1000.

 

За трошоците, местото и датумот на одржување на испитот за полагање за проценители на тутун кандидатите дополнително ќе бидат известени.

Кандидатите кои нема да ја достават потребната документација со уплатена сметка и не носат со себе личен документ за идентификација нема да бидат примени да полагаат испит.

 

4. Уплатница со уплатена сума во висина од 1.700,00 денари (во прилог на пријавата се доставува доказ за извршена уплата на сметка 1400100280 631 19, на приходна шифра 724128 21, на примач Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и цел на дознака: уплата за полагање испит за добивање на лиценца за процена на тутун).