- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Промовирани два проекта од инструментот ИПА за надградба и конкурентност на земјоделскиот секторДата на објава: 12 Октомври 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и евроамбасадорот Ерван Фуере го промовираа официјалниот почеток на двата проекта од инструментот за претпристапна помош
Станува збор за проектите „Усвојување и спроведување на европското законодавство во насока на заедничката земјоделска политика, посебно во делот на уредувањето на заедничките пазари за земјоделски производи“ и „Дизајнирање на функционален интегриран систем за администрирање, контрола и потребниот институционален капацитет“.
Нивни главни корисници ќе бидат институциите од сектoрот земјоделство, но и земјоделците кои со прилагодувањето на аграрот кон европските стандарди и исполнувањето на здравствените и еколошки критериуми го подобруваат квалитетот на производите, стануваат поконкурентни на пазарот со што ќе го зголемат и квалитетот на животот воопшто.
Според него, последниве неколку години Министерството за земјоделство почна со серија активности кои обезбедуваат услови за воспоставување земјоделски пазарен информативен систем како алатка за транспарентнен преглед на движењето на пазарите за земјоделски производи и храна, како и поддршка во одлучувањето и во формулирањето на земјоделските политики. Системот за идентификација на земјишните парцели е базиран на компјутеризиран географски систем на информации и овозможува графички преглед на земјишните парцели. На ваков начин се ограничуива можноста за неправилно внесување на податоците при аплицирањето за субвенции.
За да има пристап до ЕУ фондовите, Министерството за земјоделство мора да воспостави институционална рамка соодветна на ЕУ барањата и треба да има капацитет за да управува со финансиска поддршка по влезот во Унијата. На ова поле, како што потенцира евроамбасадорот Фуере, Македонија изминатиов период стори многу, но и покрај тоа, активностите мора интензивно да продолжат.
Согласно финансиската проекција на ИПАРД 2007 |