Министерот Димовски ја посети винарницата ,,Визба,,од Валандово

Дата на објава: 
7 Октомври 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ја посети винарската визба ,,Визба,, од Валандово. Целта на посетата беше согледување на состојбата на терен во делот на функционирањето на кооперантските односи, согласно Законот за земјоделство и рурален развој.

 

- Винарската ,,Визба,, од Валандово е одличен пример за тоа како функционираат кооперантските односи во лозаро-винарскиот сектор. Ваквата организациона поставеност треба да биде модел по кој ќе се организираат и другите производители и откупувачи  на грозје во земјава рече мисистерот Димовски на средбата со менаџерскиот тим и кооперантите на оваа винарска визба.

 

Вита Хузјан, менаџер на ,,Визба,, Валандово информира дека оваа винарија во најголемиот дел завршила со откуп на грозјето од годинашната реколта. За седум години според нејзината оценка направиле солидна база на кооперанти со кои работат.

 

Министерот Димовски заклучи дека според податоците со кои расплага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, досега се откупени околу 95 милиони килограми грозје.

 

На средбата со менаџерскиот тим на  оваа винарска визба и нивните кооперанти министерот Димовски разговараше и за реализацијата на Националната стратегија за земјоделство и рурален развој во делот на лозарството и винарството.