- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Наскоро ќе почне изградбата на агроберзата во СтрумицаДата на објава: 6 Октомври 2010Владата на Република Македонија и општина Струмица ги завршија сите подготовки за изградба на агроберзата, проект вреден над 83 милиони денари зад кој стои хрватската компанија „Агрокор“.
- Сите административно-технички подготовки се успешно завршени и сега сме во финална фаза, избор на изведувач на градежните работи. Наскоро очекуваме инвеститорот да ги преземе сите потребни активности за почеток на изградбата, изјави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопансво Перица Иваноски кој денеска со претставници на „Агрокор“ ја посети локацијата на која ќе се гради откупно-дистрибутивниот центар.
Според Иваноски, агроберзата треба да профункционира кон средината на наредната година, во екот на откупната сезона. Се очекува овој дистрибутивен центар, прв од ваков вид во Македонија, значително да ги подобри состојбите со маркетингот, откупот и пласманот на градинарските и другите земјоделски производи од Струмичкиот и околните региони.
Изградбата на агроберзата треба да почне наскоро. Откупно-дистрибутивнииот центар ќе опфаќа над 3.500 квадратни метри со разладен простор и три до четири илјади метри квадратни за амбалажирање на производите со најмодерна техника за пакување. Агроберзата ќе располага со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за прифаќање и дистрибуција на околу 30 илјади тони зеленчук годишно. |