Кодекс на добра земјоделска и хигиенска пракса

Дата на објава: 
6 Октомври 2010

Кодекс на добра земјоделска и хигиенска пракса се изработува врз основа на член 78 став 3 од Законот за земјоделството и руралниот развој (,,Службен весник на Република Македонија” бр 49/10).

 

Со Кодексот на добра земјоделска и хигиенска пракса поблиску се пропишуваат начинот на спроведување на добрата земјоделска, односно хигиенска пракса. Со овој кодекс се дефинира извршување на земјоделски активности на оној начин кој овозможува добро управување на земјоделските површини земајќи ги во предвид климатските карактеристики на регионот, вклучувајќи ги и постоечките земјоделски системи, употреба на земјоделското земјиште, плодоред, земјоделски практики и структура на земјоделските стопанства.

 

Принципите за користење на кодексот на добра земјоделска и хигиенска пракса се примената на најдобрите земјоделски практики при производство на храна за луѓето и животните, засновано на барањата за одржливо земјоделство, земјоделското производство да се остварува со комбинирање на најдобри земјоделски практики, заштита на животната средина и оптимално користење на природните ресурси и примена на земјоделски технологии кои вообичаено се применуваат во Република Македонија и кои водат сметка за заштита на земјиштето, благосостојбата и здравјето на животните, хигиената, здравјето на растенијата, безбедноста на храната и грижата за општото здравје.

 

Кодексот на добра земјоделска и хигиенска пракса ќе придонесе кон изготвување и реализирање на мерките утврдени со оските на заедничките политики на руралниот развој и поголема поддршка на помалите семејни земјоделски стопанства кои истата ќе ја применуваат, во однос на оние кои ќе работат по конвенционални методи различни од препораките наведени во овој кодекс

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: